Промена на стилот: Меган Маркл воодушевува со новата фризура и елегантното издание (ФОТО)

Дали ви се допаѓа?

Војвотката од Сасекс отсекогаш маѓепсува со својот изглед, како со облеката, така и со фризурата и шминката.

Меган Маркл се појави на фотографија на која стои меѓу две жени, од кои едната е Фабкаси, тренер за личен развој, која ја сподели фотографијата на Инстаграм.

Меган изгледа многу елегантно во црниот комплет и кафен мантил, а изгледот го надополнила со црни сандали. Она што на нејзиниот изглед му даде сензационален тон е нејзината бујна коса со боја на чоколада, која овој пат ѝ беше пуштена слободно да паѓа по целата должина.

Фабкаси ја сподели оваа фотографија со натписот:

Еден момент во времето со Меган Маркл. Каков потсетник на магијата која живее во сите нас! И колку е ослободувачки кога знаеш кој си. Времето е сега!, заклучи таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kasiopia (@fabkasi)

Исто така, таа сподели и слика кна која таа и Меган се смеат, шегувајќи се:

Се гледаме следната недела, драга! Официјално е, сега сме најдобри пријателки.

На фановите многу им се допаѓаше фотографијата, и тогаш еден искоментира:

Мојата беспрекорна сестра по срцето, додека друг напиша: Сите дами на едно место со стил и грациозност.

Инаку, косата на Меган Маркл е природно виткана, при што таа во една од своите епизоди на подкастот „Архетипови“, каде што разговара со Марија Кери, зборуваше за тоа со какви предизвици се соочила со косата во детството.

Мојата природна коса е многу виткана и густа. Се сеќавам дека кога бев мала, мојата баба Џанет ми ја средуваше косата. Ми велеше: ‘Држи се за лавабото!’, и јас цврсто го стиснав со своите мали раце, додека таа ме чешлаше за да ми ја врзе косата, рече Меган во оваа пригода.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.