Саша Ковачевиќ во друштво на својата девојка: Откри каква свадба ќе прави, па прозборе за венчавката на Ѓоковиќ!

Дали сака нешто да каже?

Поп-пејачот Саша Ковачевиќ се прошета на црвениот килим на премиерата на филмот „Ама е убав овој свет“.

Пејачот дошол во друштво на својата долгогодишна девојка Зорана Тасовац и „признал“ дека таа секогаш му е партнер за одење во кино.

Секогаш поубава половина, била и останала – рекол Саша, откривајќи кој жанр би бил филмот за неговиот живот.

Многу романтично, полудосадно, јас кога немам работа, сакам да бидам дома со семејството, не сум премногу интересен – рекол тој.

Инаку, Саша ги забавуваше гостите на свадбата на братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе и ги споделил впечатоците од таму.

Преубаво беше, кога јас би првел нешто во своја режија би било така, интимно, најблиските се тука до вас. Новак пее топ, многу е подобар тенисер, но одлично пее – рекол Саша за српски „Курир“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.