Ги игнорирала сите неверства на сопругот, па го понижила пред целиот свет: Денес фаталната пејачка не личи на себе!

Како изгледа сега Бијонсе?

Бијонсе својата бујна кафена коса, која ѝ беше заштитен знак, ја бојосала руса, а пофалбите на сметка на новиот изглед не стивнуваат

Бијонсе, една од најдоминантните ѕвезди на светската музичка сцена, синоќа имала холивудска премиера на филмот за нејзиниот досегашен живот Renaissance. Сопственичката на раскошен глас што го обожаваат милиони, заблескала во сребрен сирена-фустан, истакнувајќи ги сите атрактивни облини, од кои буквално застанува здивот. Се чини дека воопшто не ја допреле коментарите дека ја ископирала Ким Кардашијан, напротив, не ја симнувала насмевката од лицето и зрачела со посебна енергија.

Иако не позирала пред насобраните фоторепортери, целиот настан била преплавена со емоции, а премиерното прикажување на филмот бил одличен повод за да се соберат сите членки на некогашната група Destiny’s Child, со која Бијонсе ја започна блескавата кариера.

Меѓутоа, сите ги изненадила со комплетната промена на бојата на коса, која за оваа пригода ја бојосала руса, а можеле да се чујат коментари дека феноменално ѝ стои, како и дека изгледа помладо.

Тајната на младешкиот изглед

Холивудскиот шминкер Сир Џон, кој се грижи за изгледот на бројни славни жени, меѓу кои е и Бијонсе, смета дека хидратацијата на лицето е најважна, особено кога станува збор за шминката.

„Шминката за снимањата мора да изгледа природно, а за да биде кожата подготвена за светлата на рефлекторите, добрата хидратација е клучна“, истакнал тој.


Сир Џон предлага уште еден слој крем при крајот на процесот на шминкање.

„По тонираната подлога, предлагам дополнителна хидратација за лицето да ја задржи влагата. Потоа, следи руменило, кое во тој случај ќе изгледа многу природно“, рекол тој за „Вог“.

Шминкерот нагласува дека најдобро е да се стави руменило кога кожата сè уште е влажна, бидејќи тоа гарантира идеално усогласување со тенот, нијансата и текстурата.

Тенот за пред камера мора да биде добро нахранет и хидриран, во спротивно брзо се суши, а слична е ситуацијата со дневната шминка, која треба да трае со часови.

Бурен брак

Изгледа дека сите љубовни немири се далеку зад славната двојка, која пред неколку години имаше сериозна криза во бракот, наводно, поради честите изневерувања на раперот.

Иако на многумина не им беше јасно зошто една дива како Бијонсе ги „трпи сите излети на сопругот“ и му простува, и двајцата истакнаа дека во нивниот однос препознале емоции за кои сакале да се борат. Пејачката своите чувства ги преточи во албум, додека Џеј Зи зборуваше за оваа непријатна тема во песната 4:44.

„Ние одлучивме да се бориме за својата љубов и за своето семејство. Сакаме на децата да им го покажеме вистинскиот пат и можноста за поинаков резултат од очекуваниот“, рекол тој.

Во една пригода музичарот гордо нагласил дека љубовта меѓу нив не се родила кога станале славни, туку дека трае од времето кога биле обични луѓе, па затоа е уште посилна. Освен тоа, љубовта кон децата особено го зајакнала нивниот однос.

Бијонсе носи метален корсет излеан по мерка на нејзините гради и луѓето буквално не трепкаат (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.