Водич за кампери-почетници: Хотел со милион ѕвездички

Никогаш нема да бидете поблиску до морето од поставувањето шатор на плажа

Ве привлекува идејата да кампувате – да поминете ноќ под отворено небо (ОК, во шатор!), а утрото да го дочекате на плажа, од која се протега совршен поглед на морето? Одлично! Но не тргнувајте во таа авантура без да се подготвите за неа… Ви претставуваме водич за кампери-почетници

Како да изберете шатор

Заборавете на некогашните големи шатори – модерните се лесни (од 3 до 5 кг), брзо се склопуваат (до 10 минути) и достапни се за сечиј џеб (од 30 евра па нагоре). Топло ви ги препорачувам марките „каримор“ и „меккинли“, кои можете да ги нарачате на Интернет (sportdirect.com).

Постојат различни шатори во согласност со сезоната и временските пригоди, но тука се задржуваме на оние за рекреативно кампување во најубавиот дел од годината – од мај до септември.

Кај шаторите е најважно да бидат доволно пространи. Оној за три лица е широк околу 180 см, што е повеќе од просечен брачен кревет. Висината се движи од 125 см до 150 см, што е сосема доволно да се пресоблечете во него (всушност, шаторот служи само за преспивање!).

Напомена: задолжително затегнете го шаторот со јажиња за да го прицврстите добро за подлогата – ова е особено важно во случај на дожд, ветер и невреме.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Guliver/Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.