Водич за кампери-почетници: Хотел со милион ѕвездички

Никогаш нема да бидете поблиску до морето од поставувањето шатор на плажа

Ве привлекува идејата да кампувате – да поминете ноќ под отворено небо (ОК, во шатор!), а утрото да го дочекате на плажа, од која се протега совршен поглед на морето? Одлично! Но не тргнувајте во таа авантура без да се подготвите за неа… Ви претставуваме водич за кампери-почетници

Чекор #4 Храна

Тоа што нема да имате во близината фрижидер, шпорет или ресторан не значи дека ќе гладувате. Храната можете да ја складирате во рачни преносливи фрижидери или во термо-торби, а оброците да ги приготвувате на мала плинска боца. Супи во кесички, тестенини со сосови од тегла, двопек, семки од сончоглед, здрави крекери, јаткасти плодови, конзервирана риба, грашок, леблебија, грав, пченка, овошје и зеленчук, чај, кафе, млеко во прав се само некои од намирниците што можете да ги понесете со себе.

Чекор #5 Прибор за јадење

Шпорет или фрижидер можеби не ви се неопходни, но не би било добро да сфатите предоцна дека немате со што да отворите конзерва. Задолжително понесете отворач за шишиња и за конзерви, нож, есцајг, пластични чаши и чинии.

Чекор #6 Хигиена

Најчесто прашање кога ќе се спомне кампување е – каде ќе се туширам? Ако кампувате на плажа, голема е веројатноста на неа да има јавни тушеви. Сепак, ако не ви е пријатно да ја миете косата со шампон пред сите, тогаш набавете си соларен камперски туш, во кој водата се грее на сонце прекуден – така ќе имате топла вода како да сте во хотел. И трета опција е да се бањате исклучиво во морето, па ако не ви пречи солта на кожата, ви препорачувам ова да го искусите барем еднаш во животот (поради чувството на целосна слобода!).

Чекор #7 Заштита против инсекти

Можеби единствената мана на кампувањето се инсектите, особено ако не ги поднесувате. Во шаторот ги нема, но ги има на плажата. Меѓутоа, веќе по два дена ќе почнете да ги перципирате како „пријатели“ (особено ако околу вас нема други луѓе). Едноставно се навикнувате на нив. А кога станува збор за комарците, вооружете се со цела артилерија производи против нив.

Чекор #8 Оган

Без оган речиси и нема кампување. Огнот ќе ви треба да ги избркате комарците, но и да приготвите печурки на жар, да испечете компири или раженчиња од зеленчук. Нема да ве учам како да запалите оган (претпоставувам дека знаете), но мора да истакнам дека огнот никогаш не смее да остане без надзор. За да не се прошири.

Чекор #9 Забава

На кампување имате вишок време за забава, па затоа понесете ги омилените социјални игри („Не лути се, човече“, „Монопол“, карти…), рекети за пинг-понг или за бадминтон, книги за читање…

Чекор #10 Прва помош

Задолжително спакувајте прибор за прва помош – во случај на повреда, ќе ви биде добредојден. Ако патувате во странство, распрашајте се за патничко осигурување.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.