Сè што треба да знаете за безбедно кампување: Хотел со милион ѕвездички

Водич за кампери-почетници

Кампувањето е идеално бегство од секојдневјето, кое подразбира целосна исклученост од цивилизацијата и комплетно уживање под отворено небо и во чиста природа. Меѓутоа, свесни сме дека овој тип одмор со себе носи и голем број дилеми: како, каде, со кого…

Ве привлекува идејата да кампувате – да поминете ноќ под отворено небо (ОК, во шатор!), а утрото да го дочекате на плажа, од која се протега совршен поглед на морето? Одлично! Но не тргнувајте во таа авантура без да се подготвите за неа…

Ви претставуваме водич за кампери-почетници.

Пред да се впуштите во оваа авантура, треба да дефинирате кое од трите вида кампување е идеално за вас.

Доколку сте авантурист и вљубеник во природата, тогаш сигурно ќе ви се допадне слободното диво кампување, кое функционира според принципот – каде што ќе видиш згодно место за шаторот, постави го токму таму.

Ако ја сакате природата, но ве привлекува безбедно кампување, тогаш за вас е камперски комплекс – посебно заграден простор во кој се нудат подлога за шаторот и приклучоци за струја и за вода.

Доколку сакате да кампувате, но не сакате да се откажете од луксузот, за вас е глампинг (гламурозен кампинг) – самото име кажува сè!

Но ако не се подготвите добро за оваа авантура, многу лесно, наместо најубав одмор, можете да доживеете најлошо искуство досега. За да не дојде до тоа, следете ги следниве 10 чекори.

Чекор #1 Каде да кампувате

Ајде да избереме дестинација! За жал, кога станува збор за кампување, не можете едноставно да го завртите глобусот и да го спуштите прстот на одредена точка на планетава – морате добро да се распрашате каде е дозволено да се кампува или каде има камп-населби.

Чекор #2 Опрема

Не е потребно да сте искусен кампер за да знаете што ви е неопходно во дивина – од шатор и вреќа за спиење, преку храна и вода, прибор за јадење, чкорчиња, батериска ламба, па до социјални игри. За почеток, најдобро е да купите камп-опрема од среден ранг. За да не заборавите нешто, составивме список на неопходни „дреболии“.

Чекор #3 Облека

Важи основното правило – помалку е подобро! Заборавете на купиштата облека – нема да ви требаат. Неколку костими за капење, памучни маички, тексас-панталончиња и апостолки – тоа е сè што ќе носите прекуден, а навечер е пожелно да имате блуза со долги ракави и долен дел со ногавици.

Задолжително понесете чорапи (особено ако сте зимурливи!).

Чекор #4 Храна

Тоа што нема да имате во близината фрижидер, шпорет или ресторан не значи дека ќе гладувате. Храната можете да ја складирате во рачни преносливи фрижидери или во термо-торби, а оброците да ги приготвувате на мала плинска боца.

Супи во кесички, тестенини со сосови од тегла, двопек, семки од сончоглед, здрави крекери, јаткасти плодови, конзервирана риба, грашок, леблебија, грав, пченка, овошје и зеленчук, чај, кафе, млеко во прав се само некои од намирниците што можете да ги понесете со себе.

Чекор #5 Прибор за јадење

Шпорет или фрижидер можеби не ви се неопходни, но не би било добро да сфатите предоцна дека немате со што да отворите конзерва. Задолжително понесете отворач за шишиња и за конзерви, нож, есцајг, пластични чаши и чинии.

Чекор #6 Хигиена

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.