Сè што треба да знаете за безбедно кампување: Хотел со милион ѕвездички

Водич за кампери-почетници

Кампувањето е идеално бегство од секојдневјето, кое подразбира целосна исклученост од цивилизацијата и комплетно уживање под отворено небо и во чиста природа. Меѓутоа, свесни сме дека овој тип одмор со себе носи и голем број дилеми: како, каде, со кого…

Најчесто прашање кога ќе се спомне кампување е – каде ќе се туширам? Ако кампувате на плажа, голема е веројатноста на неа да има јавни тушеви.

Сепак, ако не ви е пријатно да ја миете косата со шампон пред сите, тогаш набавете си соларен камперски туш, во кој водата се грее на сонце прекуден – така ќе имате топла вода како да сте во хотел.

И трета опција е да се бањате исклучиво во морето, па ако не ви пречи солта на кожата, ви препорачувам ова да го искусите барем еднаш во животот (поради чувството на целосна слобода!).

Чекор #7 Заштита против инсекти

Можеби единствената мана на кампувањето се инсектите, особено ако не ги поднесувате. Во шаторот ги нема, но ги има на плажата.

Меѓутоа, веќе по два дена ќе почнете да ги перципирате како „пријатели“ (особено ако околу вас нема други луѓе). Едноставно се навикнувате на нив.

А кога станува збор за комарците, вооружете се со цела артилерија производи против нив.

Чекор #8 Оган

Без оган речиси и нема кампување. Огнот ќе ви треба да ги избркате комарците, но и да приготвите печурки на жар, да испечете компири или раженчиња од зеленчук. Нема да ве учиме како да запалите оган (претпоставуваме дека знаете), но мора да истакнеме дека огнот никогаш не смее да остане без надзор. За да не се прошири.

Чекор #9 Забава

На кампување имате вишок време за забава, па затоа понесете ги омилените социјални игри („Не лути се, човече“, „Монопол“, карти…), рекети за пинг-понг или за бадминтон, книги за читање…

Чекор #10 Прва помош

Задолжително спакувајте прибор за прва помош – во случај на повреда, ќе ви биде добредојден. Ако патувате во странство, распрашајте се за патничко осигурување.

Како да изберете шатор

Заборавете на некогашните големи шатори – модерните се лесни (од 3 до 5 кг), брзо се склопуваат (до 10 минути) и достапни се за сечиј џеб (од 30 евра па нагоре).

Постојат различни шатори во согласност со сезоната и временските пригоди, но тука се задржуваме на оние за рекреативно кампување во најубавиот дел од годината – од мај до септември. Кај шаторите е најважно да бидат доволно пространи.

Оној за три лица е широк околу 180 см, што е повеќе од просечен брачен кревет. Висината се движи од 125 см до 150 см, што е сосема доволно да се пресоблечете во него (всушност, шаторот служи само за преспивање!).

Напомена: задолжително затегнете го шаторот со јажиња за да го прицврстите добро за подлогата – ова е особено важно во случај на дожд, ветер и невреме.

Текст: Тамара Богунова

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.