Ви се истури вино? Никако не тријте ја дамката, еве што да направите

Хигиена

Првенствено, дамката треба да се натапка додека е уште влажна, во никој случај не смеете да ја триете.

Бело вино и сода бикарбона

За да ја извадите дамката од тепихот, прво натопете ја во бело вино за да се разреди бојата, а потоа нанесете паста од сода бикарбона. Оставете ја пастата да делува еден час, но внимавајте да биде постојано влажна и посипете со вода доколку е потребно.

Детергент за садови и водород пероксид

Натопете ја дамката во еднакви количини сапун за садови и водород пероксид, а потоа обидете се сето тоа да го избришете со хартиени крпи.

Минерална вода

Минералната вода долго време се смета дека е најдобриот начин да се отстранат дамките од вино, ако ткаенината ја натопите внатре, а потоа постојано ја впивате со хартиени крпи. Сè уште не е сосема јасно зошто е тоа така, а само се мисли дека тоа може да има врска со меурчињата во минералната вода.

Сол, врела вода и оцет

Натопете ја дамката во ладна вода, посолете (почекајте да порумени), потоа прелијте ја со врела вода и потоа натопете ја во оцет (и на крај исплакнете).

Пена за бричење

Пената за бричење треба да спречи дамката од вино да се впие во ткаенината. Лесно истријте ја пената, а потоа избришете ја со топла вода и буквално „избричете ја“ дамката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.