Папараците го фатија: Рафаел Надал ужива на јахта со бремената сопруга

Шоубизнис

Рафаел Надал и неговата сопруга Марија моментално се на одмор во Палма де Мајорка, а папараците за прв пат успеаја да го фотографираат трудничкиот стомак на Марија.

Рафаел Надал изнајмил јахта и со пријателите и бремената сопруга Марија Франческа Перело крстари и ужива.

Дури неодамна дознавме дека Марија и Рафаел го чекаат своето прво дете, а сега благодарение на фотографиите од папарацото можеме да го видиме нејзиниот труднички стомак.

Двојката до сега вешто ја криеше бременоста, но првите сомнежи се појавија на турнирот Роланд Гарос пред неколку недели кога Надал ја освои својата 14. титула на Отвореното првенство на Франција и 22. Грен Слан, со што стана најстариот шампион во историјата на тој турнир.

И иако Рафаел влезе во историјата, сите погледи беа вперени во Марија и нејзината „сомнителна“ промена на стилот. Таа во последно време се почесто носи широка облека, а во такво издание се појави и на трибините на Роланд Гарос за да го сокрие стомакот.

Марија никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието, а тоа го објаснила со овие зборови:

„Му треба простор кога се натпреварува, а само помислата да чекам цел ден да го заврши она што треба да го направи и да шетам ме уморува. Тоа би ме задушило. Тој ќе мора да се грижи за мене… Ако го следам насекаде, мислам дека постои ризик да престанеме да се согласуваме“, рече таа еднаш.

Марија се допаѓа на јавноста бидејќи е многу скромна, нема социјална мрежа и избегнува јавни настани.

Тоа што не сака да зборува за Рафаел Надал, му се допаѓа и на тенисерот кој внимателно ја чува неговата приватност.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.