Со овој домашен раствор цвеќарите ги лекуваат овенатите билки: Сѐ што ви треба се 3 состојки!

Трик на искусни цвеќари

Природните раствори секогаш се подобра опција

Доколку билките почнале да ви овенуваат, со овој раствор ќе ги вратите во живот. Наместо хемија, користете го овој домашен раствор и билките ќе растат како луди.

Само треба да не ги фрлате корите од банани и лушпите од јајца кога ќе ги употребите.

Ќе ви требаат следните состојки:
  • кора од 1 банана
  • 1 лажица мелено кафе
  • лушпа од 1 јајце
  • 300 мл вода
Приготвување:

Сите состојки ставете ги во блендер и изматете ги заедно. Со овој раствор полевајте ги вашите овенати билки и резултатот ќе биде видлив уште следниот ден.

Растворот можете да го сипете и во саксија со здрави куќни убавици и тие ќе станат уште побујни и позелени. Доколку сакате вашето цвеќе секогаш да изгледа здраво и прекрасно, повторувајте ја постапката повремено.

Како овие состојки дејствуваат на билките?

Бананите содржат калиум, фосфор и калциум, па токму од таа причина имаат позитивен ефект на билките. Овие хранливи материи особено добро им влијаат на билките во процесот на заздравување. Фосфорот во бананата исто така помага за добар раст на коренот и новите никулци.

Лушпите од јајца содржат повеќе од 30% калциум. Приближно секоја лушпа дава околу 4 мг калциум. Покрај калциум, содржат и магнезиум, фосфор, калиум и натриум и околу 5% органски материи, кои се од големо значење за квалитетот на земјата. Органската материја се наоѓа во обвивката која останува на лушпата во форма на протеин и е значаен извор на азот. Доколку не ги миете лушпите од јајца, количината на органски материи може да биде и поголема.

Се советува барем еднаш неделно да ги пребришувате билките со влажна крпа за да ја отстраните прашината и да ѝ овозможите на билката да дише.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.