Дури и Путин „паднал“ на убавината на најпознатата тајна агентка: Погледнете како денеска изгледа фаталната Никита (ФОТО)

Прекрасна!

Австралиската актерка и манекенка Пета Вилсон пред неколку децении се прослави по улогата како заводничка во серијата „Никита“.

Од емитувањето на оваа популарна серија поминаа 21 години, а актерката која го толкуваше главниот лик сега живее тотално поинаков живот, далеку од очите на јавноста.

Пета денеска има 51 години и одамна престанала да се занимава со глума.  По одигрувањето на улогата на фатална тајна агентка со бурен живот, Пета не успеала да се пробие во Холивуд. После оваа улога со која стекна огромна популарност, актерката сними уште неколку филмови, но тие улоги не и донеле некаков значаен успех.

Фото: Профимедиа

После тоа со глума престанала да се занимава во 2012 година, а кога се повлекла од јавната сцена, започнала да се занимава со дизајн, па покренала сопствена линија на долна облека. Покрај работата, таа се посветила и на семејниот живот и синот Марлоу од врската со продуцентот Дамиан Харис.

Меѓутоа, додека била во зенитот на својата популарност, како фатална русокоса, актеркта ја поврзувале со бројни мажи. Исто така се зборуваше дека го завела и музичарот Мик Џегер и актерот Расел Кроу.

Исто така, пишувале дека на актерката „паднал“ и претседател Владимир Путин.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.