Раскошен цвет со неверојатна убавина: Миризливата глицинија ќе го украси вашиот двор ако ја одгледувате вака!

Раскошно и волшебно цвеќе

Цути од април до јуни и шири прекрасен мирис

Глицинија, вистерија или син дожд е богато, дрвенесто растение, многу попопуларно одошто можете да си замислите. Имено, по овој цвет името го добила и измислената улица „Вистерија Лејн“ од серијата „Очајни домаќинки“.

Вистерија Лејн беше полна со глицинии, а ако сакате и вашиот двор да го краси овој ползавец, еве како да ја одгледувате.

Синиот дожд цути од април до јуни, а неговите цветови се долги од 15 до 30 сантиметри и потсетуваат на гроздови.

1. Глицинијата е надворешно растение на кое му треба многу светлина и најдобро напредува на сонце

При садењето глицинија треба да ја ставите на положба каде што ќе биде заштитена од ветер. Се сади во пропустливо и суво земјиште. На глицинијата треба да ѝ обезбедите многу цврста потпора по која ќе се искачува и треба да ја насочувате да се качува таму каде што сакате, а тоа ќе го постигнете, така што ќе ја подврзете билката на потпората на посакуваниот начин.

Глицинијата е идеална за покривање на балконот, метални структури или ограда и е убав украс за влезот во куќата или гаражата. Но треба да имате на ум дека ако не ја поткаструвате редовно, може да се претвори во инвазивен ползавец кој ќе ја уништи дури и металната арматура.

2. Глицинијата најчесто се размножува преку резници

Може да се размножува и од семиња кои ги има во плодот на мешунката, но во тој случај, до првото цутење може да поминат и повеќе од 10 години. Кога се размножува преку резници, тоа е прави така што се одбира здрав израсток и се отсекува во должина од 15 сантиметри. Резницата треба да се засади во компост и треба редовно да се прскаат листовите и да се внимава да не се исуши компостот.

Резниците што не се земени во рана пролет, може да се засадат на отворено наесен, а оние подоцнежните, може да се пресадат напролет, но мора да презимат во затворен простор.

3. Глицинијата треба да се поткаструва за да цути бујно

Цветовите на глицинија оставаат семе кое се наоѓа во мешунки. Глицинијата цветните пупки ги развива во близина на базата на растот од минатата година, така што со поткастрување во рана пролет, цветот доаѓа до израз. Кон средината на летото, треба повторно да се поткастри за третина од израснатиот дел и уште еднаш наесен, повторно за третина. Глицинијата се поткаструва и кастри со рачни ножици.

Глицинијата може да порасне и до 20 метри во висина и 10 метри во ширина, а за да ја достигне својата полна големина, ѝ требаат до 20 години. Нејзиното стебло станува дрвенесто со години.

4. Глицинијата цути напролет, прво е појавуваат цветовите, па дури потоа листовите

Глицинијата може да цути уште два-три пати во текот на годината, кон средината на летото и кон крајот на есента. Цветовите ги заменуваат рапави мешунки со должина од 10 до 17 сантиметри кои траат до зимата. Цветовите од некои видови имаат исклучително пријатен мирис, а особено доаѓаат до израз ако билката е посадена на тенда. Кинеските и јапонските видови цутат дури по 5 до 7 години, додека американските видови, кои се со помал раст, цутат уште од втората година.

Мора да го имате овој цвет во вашата градина летово: Нема човек кому не му се допаѓа ова „ноќно небо“!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.