Пештерски човек со големо срце: Ја видел на телевизија кога имал 8 години и решил дека ќе биде негова!

Џејсон Момоа и Лиса Бонет

Како познатиот актер се вљубил во својата сопруга

Сите сме имале симпатии кога сме биле деца, но ретко кому му се случува таа љубов да му се оствари кога ќе порасне. Џејсон Момоа е редок исклучок кој успеал токму во тоа.

Кога имал само 8 години, Џејсон првпат на телевизија ја здогледал актерката Лиса Бонет. Момчето се уверило себеси дека кога-тогаш ќе ја освои и ќе се венча со неа.

Никој не ни помислувал дека тоа навистина ќе се случи еден ден. Ова е нивната љубовна приказна!

https://www.instagram.com/p/B_fes-cngRW/

Во текот на 80-те, Лиса Бонет била една од најголемите телевизиски ѕвезди. Серијата The Cosby Show во која играла, имала милионски број на обожаватели, а меѓу нив бил и идниот холивудски актер Џејсон Момоа. Иако е 12 години постара од него, Џејсон верувал дека таа е неговата судбина.

„Отсекогаш сум сакал да ја запознаам. Таа за мене секогаш била кралица“, открил Џејсон во едно интервју.

https://www.instagram.com/p/B_mYL1DJRXZ/

Години подоцна, сонот му се остварил

Во 2005 година Џејсон случајно ја сретнал Лиса и не сакал да ја пропушти можноста за која со години сонувал. Лиса била маѓепсана од неговата посветеност кон неа и погледот полн со љубов што ѝ го упатувал.

„Љубовта се роди во истиот момент и стана голема, а тој не побегна, како што мислам дека повеќето мажи би побегнале. Практично ме зема и ме префрли преку рамена, како некој пештерски човек“, открила Лиса.

Нивната врска почнала кратко по првата средба, но се венчале дури во 2017 година, 12 години подоцна.

https://www.instagram.com/p/B_oxZmmJI1W/

Џејсон го прифатил минатото на Лиса и нејзиното семејство. Имено, актерот ја прифатил нејзината ќерка Зои, што ја добила со поранешниот сопруг Лени Кравиц, а прифатил и дека ќе мора и него повремено да го гледа. Семејните односи се усогласиле подобро одошто кој било очекувал и набрзо сите биле пресреќни што Момоа станал член на семејството.

https://www.instagram.com/p/BwM3yI_Au3x/

Ќерката на Лиса толку многу го сака и се сложува со Џејсон што Зои го нарекла „тато мечок“.

Освен ќерка ѝ, и поранешниот сопруг на Лиса, Лени Кравиц, го засакал Џејсон. Станале блиски пријатели.

Лиса му родила на Џејсон две деца, ќерка и син. И по вкупно 15 години љубов, Момоа секој ден размислува со што би можел да ја усреќи својата сопруга.

https://www.instagram.com/p/B_oHKWypWmn/

Самиот Џејсон зборува дека тајната на нивниот среќен брак е тоа што тој и понатаму е еднакво луд по неа.

„Мојата жена е моја кралица. Ако ја третирате својата жена како божица, се грижите за неа и ја поддржувате, ќе бидете среќен човек“, рекол Момоа.

https://www.instagram.com/p/Br2-nSlAonM/

И Лиса е навистина среќна жена. Признава дека и по толку години, сѐ уште се чувствува како на седмо небо во неговата прегратка.

„Тој е алфа мажјак кој ќе направи сѐ за семејството и љубовта. Тој е редок облик на машкост во денешно време, тој е лидер, но и многу великодушен и нежен“, рекла Лиса за својот сопруг.

https://www.instagram.com/p/BbivEcrHtkm/

Љубовната приказна на Џенифер Анистон и Бред Пит почнала вака…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.