Најубавите зачини секогаш при рака: Како сами да ги одгледувате омилените зачини

Едноставно

Ќе ве изненади тоа колку е лесно

Доколку сте љубители на зачини и сакате да знаете што точно јадете, тогаш одгледувањето зачини дома е вистинскиот избор за вас.

Повеќето зачински билки се многу отпорни и лесно се адаптираат на домашни услови, што ги прави долговечни. Две работи им се неопходни на овие билки: вода и сончева светлина.

За почеток, најдобро е да земете веќе формирана билка и да ја насадите, а подоцна можете да го посадувате нејзиното семе за да имате поголема количина на зачини.

Овие билки можете да ги засадите во мали саксии или дури во украсни тегли, така што може да изгледаат и многу декоративно, покрај тоа што се корисни.

Нане

Нането е една од најлесните билки за одржување, бидејќи не бара многу нега. Можете да го засадите каде било, треба само да го полевате (не пречесто) и да му обезбедите природна светлина и тоа ќе расте. Нането можете да го користите свежо, како додаток во јадења или лимонада, но и да го исушите за чај.

Босилек

Босилекот е многу здрава билка и незаменлив зачин за многу јадења. Најдобро е да го посадите во саксија, бидејќи може многу да порасне во висина и треба често да го кастрите, бидејќи колку повеќе го кастрите, толку повисоко ќе расте и ќе биде побуен.

Власец

Овој вид пролетен кромид има неодолив мирис и вкус. Се користи како зачин, но и како додаток во салати и јадења. Власецот е многу адаптабилен, не бара посебна нега и можете да го посадите каде било. Кога ќе го берете, немојте да берете повеќе од три листа одеднаш.

Магдонос

Магдоносот расте многу брзо, а му треба сончева светлина и вода. Најдобро е да го засадите во мала саксија, а ако премногу порасне, можете лесно да го префрлите во поголема. Магдоносот е незаменлив додаток во јадења, но можете и да го исушите за чај, кој има многу благотворни лековити својства.

Мајчина душица

Оваа билка има многу добри својства и вреди да ја имате дома. Она што ѝ треба за да расте е доволно сончева светлина и пропустлива земја, која впива вода.

Рузмарин

Рузмаринот е медитеранска билка и неизоставен додаток на многу јадења, а исто така е многу здрав. Она што му треба за да расте е доста топлина, сончева светлина и не премногу вода. За почеток, доволно е да го посадите во мала саксија и да видите како и со која брзина ќе расте.

Мексиканска мини лута пиперка (халапењо)

Оваа мексиканска пиперка може да биде црвена или жолта и многу е лута, па затоа внимателно со дозирањето. Кога станува збор за грижата за неа, доволна е мала саксија, да биде на топло кесто и да се полева кога ќе видите дека земјата речиси се исушила. Освен што е додаток во јадења за оние што обожаваат луто, оваа билка може да изгледа и многу декоративно поради своите интензивни бои.

10 семиња: Ако ги посеете сега, за еден месец ќе имате свежа храна!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.