10 семиња: Ако ги посеете сега, за еден месец ќе имате свежа храна!

Уметноста на градинарството

Окупирајте го вашиот ум со паметни работи – пробајте градинарство

Постојат дури 10 видови семиња што ако ги посеете сега, првите плодови ќе можете да ги берете веќе за еден месец.

Се’ што ви треба се саксии, балони, стари шишиња (садови во кои ќе ги посеете семињата), добра земја и семе.

Пред садењето, подгответе ги семињата така што ќе сварите благ чај од камилица и кога речиси ќе се олади, ставете го семето во него. Оставете го прекуноќ да отстои во чајот, а наутро исцедете го семето и така влажно посејте го во земјата.

Овие брзо растечки билки нема да ви ја заменат основната исхрана, но ќе придонесат да имате поздраво мени, со оглед на тоа што на чинијата секогаш ќе имате свеж зелен зеленчук.

1. Добрејка

Само за 15 дена ќе можете да јадете добрејка, позната и како крес салата. Оваа брзорастешка билка одлично оди со сирење и сувомеснати производи.

https://www.instagram.com/p/B-EXPhxKLFX/?utm_source=ig_embed

2. Која било зелена салата

Зелената салата сега е задолжителен дел од менито. Грижете се за вашето здравје и јадете свеж зеленчук.

3. Индиска слачица

Оваа ароматична билка има вкус на сенф и може да се користи како додаток во чорби и јадења од месо.

https://www.instagram.com/p/B-CwArTA2a9/?utm_source=ig_embed

4. Блитва

Нема покорисна билка од блитвата. Кога ќе ја сварите малку, можете со неа да направите пита, супа, чорба, сарма и слично.

5. Други микрозелени билки

Апсолутен хит во кулинарството се микрозелените билки што се одгледуваат 15-тина дена а потоа се кратат и се готват или се јадат свежи. Исклучително се богати со витамини и минерали и се препорачуваат во сезоната на вируси.

https://www.instagram.com/p/B9j-rnoHh7e/?utm_source=ig_embed

6. Рукола

Без разлика колку сакате да јадете рукола, не заборавајте дека оваа салата смеете да ја јадете во многу мали количини. Од неа може да направите и песто сос.

7. Млад спанаќ

Омилената храна на многу градинари. Нема ништо повкусно од млад спанаќ.

https://www.instagram.com/p/By6iZIzAYgT/?utm_source=ig_embed

8. Рдоква

Предвесник на пролетта. Овие вкусни топчиња совршено одат со секоја салата.

9.Ливчиња од цвекло

Доколку сакате да се наполните со витамини и железо, јадете млади ливчиња од цвекло, кои се повкусни од блитва.

10. Магдонос

Најдобриот антиоксиданс е магдоносот. Секое семејство треба да ја имаа оваа билка на терасата или во градината.

Дознајте и кои 10 билки се садат еднаш, а цутат 10 години!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.