Најслаткиот крем што некогаш сте го пробале од само три состојки: Освежителен и готов за 5 минути!

Слатко и брзо

Кога сакате набрзина да приготвите нешто слатко и освежително, ова е вистинскиот крем за вас!

Овој крем уште се вика и шлаг од малини и има многу варијации, но најважно е што е вкусен, освежителен, се приготвува неверојатно лесно и брзо. Па така, ако на вашите домашни им се пријаде нешто слатко, овој кремаст десерт ќе ја спаси ситуацијата за само неколку минути.

Состојки:
  • 1 слатка павлака
  • шеќер во прав по вкус
  • 200-250 г малини, свежи или замрзнати
Приготвување:

Со миксер изматете ја слатката павлака така што да биде густа, додајте шеќер во прав и измешајте, и на крајот додајте ги малините и матете додека смесата стане компактна. Распоредете го кремот во чинии и оставете го да отстои во фрижидер еден час пред да го послужите. Порциите можете да ги украсите со свежни малини и лист од свежо нане на врвот.

Добар апетит!

Домашен крем од лешници готов за 5 минути – прсти да излижете!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.