Големите цветови се најголемиот хит на новогодишните елки: Еве како да ги направите од хартија – брзо, лесно и ефектно! (ВИДЕО)

Магија

За овој прекрасен украс нема да ви требаат многу пари, а можете да ги направите во кои бои сакате

За да направите прекрасни украси за претстојните празници, нема да ви требаат многу пари, туку само малку добра волја.

Набавете картон во боја (не премногу цврст), растеглива хартија, малку хартија за печатење (може и искористена), жица за врзување, ножици, хефталка и селотејп.

Превиткајте го картонот во посакуваната боја така што ќе добиете негови третини.

Исечете ги рабовите со ножици за да добиете брановидни рабови.

Раздвојте ги и ќе добиете многу „ливчиња“.

Превиткајте ги речиси на половина, така што ќе префрлете еден страничен дел на внатрешната страна, а потоа превитканиот раб уште еднаш превиткајте го нанадвор.

Истото направете го и на другата страна, па захефтајте на дното и повторете го истото за секое ливче.

Захефтајте едно ливче за друго од страничната страна, а поврзете онолку колку што сакате да ви биде голем украсот. Направете два – еден од три ливчиња, а другиот од најмалку пет, бидејќи подоцна ќе ги споите.

Стуткајте ја со раце хартијата за печатење и направете неколку мали топчиња. Исечете малку растеглива хартија, завиткајте го секое топче и залепете го со селотејп за да не се одмота.

Сето тоа спојте го во букетче и прицврстете го со жица.

Ставете го помалиот украс од ливчиња на поголемиот, па провлечете го букетот низ двата. Заврзете го долу со жица, па со хефталка спојувајте ги слоевите ливчиња и дотерајте им го изгледот со раце.

За деталната постапка, погледнете го видеото подолу и направете прекрасен украс за претстојните празници.

Најубавите украси од алуминиумска фолија: Претворете го домот во вистинска празнична бајка! (ФОТО, ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.