Најубавите украси од алуминиумска фолија: Претворете го домот во вистинска празнична бајка! (ФОТО, ВИДЕО)

Погледнете

Потрудете се и направете ја новогодишната елка најелегантна и најубава досега

Не мора да трошите пари на скапи украси за Нова година, туку направете сами најубави новогодишни аранжмани од работите што веќе ги имате дома.

Сребрен аранжман, кој совршено ќе стои на празничната трпеза или на полицата во вашиот дом, можете да направите од алуминиумска фолија.

Ќе ви треба поцврста хартија што ќе треба да ја завиткате во форма на ролна, а потоа да ја обвиткате ролната со алуминиумска фолија. Направете три такви украси, а дополнителна декорација се топките, што лесно можете да ги направите од фолија.

Од фолијата можете да направите уште детали, како на видеото, а доколку ви изгледа монотоно, украсете го аранжманот со бисери, украси за елка или цвеќе.

Погледнете ја целата постапка за изработката во видеото…

Бидете поинакви и украсете го домот на кралски начин: Најубавата празнична декорација во виолетова боја
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.