Економист – Светот во 2022-та: 5G-мрежата на иднината е тука

Иако во моментов се чини како футуристичка приказна, за многу кратко време светот каков што го знаеме целосно ќе се смени.

Петтата генерација на мрежни стандарди (5G) целосно ќе го смени начинот на кој комуницираме, работиме и живееме.

Широката распространетост на Интернетот на нештата (IoT) ќе ја подобри продуктивноста на компаниите, ефикасноста на операциите и брзината на извршување на активностите, со што ќе влеземе во следната етапа од индустриската револуција.

Медицината, сообраќајот, производството и борбата против климатските промени се дел од областите каде што преку вмрежените технологии ќе го унапредиме животот.

Малата латентност и големите брзини кои 5G ги носи заедно со Виртуелната и Проширената реалност ќе овозможат револуција во сите сфери.

Автоматизирање на процесите и автономни возила

Производствениот и логистичкиот процес во индустријата сè повеќе ќе се автоматизира. Автономните роботи коишто ќе можат да реагираат во реално време на секој непредвиден настан сè повеќе ќе бидат вклучени во процесот на производство и контрола на квалитет.

Ова ќе доведе до поголемо производство, поголема конкуренција и поголема ефикасност од секој аспект.

Со 5G-технологијата, сите возила ќе бидат вмрежени и ќе можат да разменуваат податоци, со што драстично ќе се намали бројот на сообраќајни несреќи, ќе има побрз проток на сообраќајот и намалување на загадувањето.

Не е далеку ни моментот на модернизирање на автопатната сигнализација и инфраструктура, која ќе биде интерактивна и ќе го управува сообраќајот според состојбата и условите на патиштата.

5G во медицината

5G-технологијата ќе овозможи брз развој на модерната медицина и неа ќе ја направи достапна  во секој агол од Земјината топка, и тоа во реално време.

Хирурзите не само што ќе можат да менторираат одредена хируршка процедура од далечина, туку ќе можат истата и практично да ја изведат.

Комуникацијата со пациентите на поголеми дистанци, следењето на ефектите од применетата терапија, особено во ерата на примена на срцеви уреди и современа терапија, ќе бидат значаен напредок во модерната медицина.

Со ова ќе се овозможи полесено следење, комуникација и поголема достапност на медицинските услуги. Можностите ќе бидат неограничени за многу кратко време, со енормни социјални и здравствени придобивки за целото човештво.

Целосно ново доживување на спортот

Новата 5G-технологија со Проширената и Виртуелната реалност ветува целосно ново корисничко искуство во спортот – поместувајќи ги границите и носејќи ги фановите во срцето на самата игра.

Со пристигнувањето на новата технологија, ќе се редефинираат ТВ-преносите, искуствата на спортските терени и начините на кои се следи спортот.

Со воведувањето камери од 360 степени, навивачите ќе можат да следат натпревар од страничната линија, да го гледаат натпреварот од перспектива на голманот или да се приклучат на прославата на победата на тимот и да се доближат до самата акција.

 

Сојузник против климатските промени

Технологијата од петтата генерација, заедно со новите технологии: Интернет на нештата, Паметни сензори и Вештачка интелигенција, ќе овозможи рационално и ефикасно да ги користиме природните ресурси и енергијата, да го зачуваме биодиверзитетот, да го зголемиме производството на храна, да ја намалиме емисијата на штетни гасови…

Овие технологии ќе бидат најсилната алатка во борбата против климатските промени. Користењето обновливи извори на енергија ќе добие нова димензија преку системи кои во реално време ќе можат да се адаптираат за најдобро искористување на капацитетите.

Во земјоделството, во реално време ќе се користат дронови за надгледување и прскање на посевите, а со сензори ќе се мерат и дозираат хранливите материи во почвата, што ќе придонесе за зголемување на производството на храна, со помалку енергија и помал трошок.

5G е реалност

Во изминатите три години, Македонски Телеком ги заврши сите неопходни подготовки, тестирања и мерења, а годинава ја гради 5G-мрежата на целата територија на државата.

До крајот на годината, 13 градови ќе бидат покриени со 5G-мрежа.

Телеком ќе понуди 5G-услуги со гигабитни брзини веднаш по добивањето на одобренијата за користење радиофреквенции, што се очекува во првото тромесечје од 2022 година.

За модернизација на мрежата и овозможување 5G, компанијата инвестира над 45 милиони евра за наредните четири години.

Секако, користењето на сите напредни функционалности од оваа мрежа ќе се одвива постепено во текот на наредните неколку години.

Иако во моментов се чини како футуристичка приказна, за многу кратко време светот каков што го знаеме целосно ќе се смени.

Доколку сакате да го набавите годишното издание на престижниот „Економист“, кое четврти пат излезе на македонски јазик под ексклузивна лиценца на „Колор медија плус“, кликнете ТУКА (или побарајте го на сите поголеми продажни места низ државата).

Текст и фото: Економист: Светот во 2022-та

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.