Економските предизвици за 2022 г. и како може проектот Иловица – Штука да ѝ помогне на македонската економија

Светот во 2022-та

Никола Треанд, претседател и извршен директор во бордот на директори на „Еуромакс Ресоурцес Лимитед“, за „Економист: Светот во 2022-та“

И покрај тоа што се очекуваше интензитетот на пандемијата на ковид-19 да се намали во текот на 2021 година, и фокусот да се стави исклучиво на економските предизвици, сега сме на крајот на годината и сè уште се соочуваме со неизвесноста кога пандемијата ќе биде ставена под контрола.

Таа неизвесност ќе има негативно влијае на економското закрепнување и на идните економски текови што сериозно ќе влијае на понатамошната инвестициска активност.

Како дополнување на наведената здравствена криза, светката економија се соочува и со предизвиците што произлегуваат од потенцијалната енергетска и инфлаторната криза, кои понатаму може да ги поткопаат можностите и потенцијалите за брз економски развој, неопходен за економското закрепнување на светската економија во овој пост-ковид периодот.

Македонската економија, која е целосно интегрира во глобалната економија не е имуна на овие негативни економски текови, меѓутоа економијата дополнително се соочува со предизвикот од политичка неизвесност, која е константа во последниве 15 години.

Таквата економска и политичка неизвесност резултира со сериозно намалување на добербата на странските инвеститори во Република Северна Македонија, што се забележува и во обемот на странските директни инвестициите споредбено со другите држави од регионот.

Сето ова сериозно ги зголемува вредноста и значењето на мегаинвестицискиот проект Иловица – Штука, за развој на рудник за бакар во близина на селата Иловица и Штука, Струмички регион, и ја наметнува потребата од што побрза негова реализација.

Само за илустрација, за реализација на проектот Иловица – Штука ќе бидат потребни странски директни инвестиции во износ од 350 милиони евра, ќе се отворат 3.200 нови работни места во текот на работењето на идниот рударски комплекс, ќе се реализира извоз од 200 милиони евра на годишно ниво, и во државниот буџет ќе се уплаќаат минимум 24 милиони евра годишно или вкупно над 500 милиони евра во вид на даноци и концесиски надоместоци.

Никола Треанд, претседател и извршен директор во бордот на директори на „Еуромакс Ресоурцес Лимитед“ (канадска компанија, која котира на берзата во Торонто, Канада)

Дополнително, во текот на 20-годишното работење на идниот рудник предвидено е годишно да се трошат над 70 милиони евра на локалните деловни партнери.

Со реализацијата на оваа странска директна инвестиција и реализираниот прилив од предвидениот извоз се очекува да се остварат нето приливи во македонската економија во износ од над 3 милијарди евра, што е доволно да се отплати надворешниот долг на државата за повеќе од 35%, со што ќе се овозможи сериозно олабавување на притисокот од континуираното растење на надворешниот долг, а тоа ќе отвори можност за идно надворешно задолжување за да се реализираат други проекти значајни за развојот на македонската економијата.

Како краен ефект, се проценува дека во текот на наредните 20 години со работењето на идниот рударски комплекс ќе се придонесе до зголемување на БДП за дополнителни 4% на национално ниво на веќе проектираниот раст од 4%, односно ќе се овозможи раст на БДП од 8% на годишно ниво.

Дополнителната вредност на Проектот е тоа што со отворањето на идниот рудник ќе се произведува бакар, метал што е неопходен елемент за спроведување на европската програма за инвестирање и реализирање на проекти со кои ќе се произведува зелена обновлива електрична енергија.

Сите овие податоци за економските ефекти од развојот на проектот Иловица – Штука без дилеми потврдуваат дека отворањето на идниот рудник за бакар сериозно ќе придонесе во економското закрепнување на македонската економија, и поради тоа ја наметнува потребата истиот да се реализира сега и веднаш.

Дополнително, и покрај долгогодишниот процес за добивање на дозволи, менаџментот на „Еуромакс Ресоурцес“ и „Трафигура“, како најголем инвеститор, сè уште имаат доверба во Република Северна Македонија и остануваат цврсто на определбата да го развијат овој мегаинвестициски Проект, и на тој начин сериозно да помогнат во економското заздравување.

Таа цврста определба може да се потврди и со програмата за општествена одговорност што се спроведуваше во текот на 2021 година, а за која претходно беше определен буџет во износ од 1 милион евра.

Еуромакс Ресоурцес и Трафигура, како најголем инвеститор, веднаш може да ги обезбедат потребните странски директни ивестиции од 350 милиони евра. Само за илустрација, групацијата Трафигура во текот на 2020 година остварила вкупни приходи од 120 милијарди евра, додека од друга страна БДП на Република Северна Македонија за 2020 г. е 10,8 милијади евра или за повеќе од 10-ти пати помал од вкупните приходи на групацијата Трафигура.

Од оваа перспектива, веруваме дека 2022 година ќе биде успешна за македонската економија и за проектот Иловица – Штука.

Сите горенаведени економски параметри што произлегуваат од проектот Иловица – Штука ни даваат право да веруваме дека со реализацијата на Проектот сериозно ќе се помогне во брзо економско закрепнување на македонската економија, а што е уште позначајно, самиот Проект и потребните инвестиции за негова реализација се реални и расположливи за да можат веднаш и сега да се реализираат.

Доколку сакате да го набавите годишното издание на престижниот „Економист“, кое четврти пат излезе на македонски јазик под ексклузивна лиценца на „Колор медија плус“, кликнете ТУКА (или побарајте го на сите поголеми продажни места низ државата).

Текст и фото: Економист: Светот во 2022-та

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.