Зошто наводната ќерка на Путин го избришала инстаграм-профилот: Не можела да го поднесе ова!

Луиза Розова

Наводната ќерка на рускиот претседател Владимир Путин станала цел на интернет-критики по инвазијата на Русија над Украина, поради што била принудена да го деактивира својот инстаграм-профил

Луиза Розова (18), чие вистинско име е Елизавета Владимировна, го избришала својот инстаграм-профил по ужасните коментари и навреди што ѝ ги упатиле корисниците на оваа социјална мрежи, поради руската инвазија на Украина.

За Луиза Розова се претпоставува дека е вонбрачна ќерка на Владимир Путин, која рускиот претседател наводно ја добил со чистачката Светлана Кривоногик.

Како што откриле странските медиуми, Луиза и пред војната била изложена на многу критики поради својот луксузен начин на живот.

„Седиш ли во бункер?? Како стаорец?“, е една од пораките што оваа млада девојка ги добила откако започнала војната во Украина.

Други ја осудувале поради тоа што ужива во луксуз додека Русија ја напаѓа Украина.

Ѝ пишувале дека е ќерка на убиец, на воен криминалец, на психопат и на наркоман, а многу од објавите го вклучувале и украинското сино-жолто знаме.

Од друга страна, имало и коментари што ѝ давале поддршка на Луиза.

„Не ја осудувајте, таа не е виновна.“

Да се потсетиме, како што се шпекулирало, Путин започнал афера со чистачката Светлана додека бил во брак со Лудмила. Потоа, таа наводно станала милионерка и косопственичка на голема руска банка.

Според нејзината официјална биографија, денес 47-годишната жена студирала на Универзитет за економија и финансии во Санкт Петербург, а дипломирала во 2000.

Ќерката Елизавета, попозната како Луиза Розова, ја родила во март 2003 година.

Во Пандорините документи објавени во 2021 година, откриено е дека Светлана има недвижнини во странство и дека нејзиното богатство се проценува на 3,1 милиони фунти.

12 години се зборува дека таа му е љубовница на Владимир Путин: По 2 години првпат се појавила СЕГА! Еве како изгледа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.