7 најголеми митови за менопаузата: Никако немојте да верувате во ова – само ве плашат и лажат!

Задолжително прочитајте

Секоја жена поминува низ симптомите на посебен начин

Ова се седумте митови за менопаузата во кои никако не смеете да верувате…

Во менопауза сте ако имате топлотни бранови, слабо помнење или качувате килограми

Само затоа што некои жени доживуваат топлотни бранови за време на менопаузата, не мора да значи дека и вам ќе ви се случи истото. Всушност, топлотните бранови и другите непријатни симптоми може да се појават пред менопаузата (перименопауза).

Покрај тоа, менопаузата не предизвикува зголемување на телесната тежина и губење на помнењето. Веројатно сте се здебелиле или сте ги заборавиле клучевите дома поради други фактори и поради самото стареење.

Менопаузата секогаш почнува во 50-тите години

Можете да влезете во менопауза и на 30 години, сè зависи од лековите што можеби ги земате, од тоа дали пушите, од некои операции што сте ги имале, но и од генетиката. Иако просечната возраст за влегување во менопауза е 51, жените може да ја доживеат и во 40-тите години.

Повеќе нема да имате грчеви во менопауза

Непосредно пред менопаузата, може да почувствувате болка и грчеви во пределот на карлицата, дури и кога нема да имате менструација. Мускулното ткиво е градежниот материјал на вашата матка и може да се собере и да предизвика болка, но секогаш можете да набавите грејач за ублажување на болките. Ако болката е неподнослива, се препорачува да одите на лекар.

Невозможно е да забремените пред да влезете во менопауза

Колку постари сте, толку помала е веројатноста дека ќе забремените. Меѓутоа, жените продолжуваат да овулираат и непосредно пред менопаузата, дури и ако им изостанале неколку менструации. Па така, дури и откако ќе наполните 45 години, би требало да користите контрацепција. Треба да внимавате, бидејќи бременоста во подоцна доба може да биде опасна, особено за жени кои страдаат од одредени болести.

Менопаузата е болест

Менопаузата не е болест, туку поглавје од вашиот живот, исто како и пубертетот. Ова е почеток на втората половината од вашиот живот и треба позитивно да гледате на тоа.

Во менопауза сте ако ви изостанале неколку менструации

Потребно е да помине цела година без менструација за да бидете сигурни дека сте влегле во менопауза, па почекајте или користете контрацепција за да одбегнете бременост. Ако сте имале менструација еден месец во годината, но сте пропуштиле неколку во текот на истата година, не можете да бидете сигурни дали навистина сте во менопауза.

Симптомите на менопауза траат засекогаш

Кога ќе влезете во менопауза, нивото на естроген опаѓа, а кога ќе се случи тоа, потребно е некое време за телото да се навикне на тоа, бидејќи сето тоа се случува бавно. Генерално, симптомите се најболни на почетокот (првите неколку години). Може да траат околу 4 и пол години по последната менструација, а најмногу 7 години. Но како и секогаш, секоја жена е различна, па кај некои траат и пократко време.

3 нестандардни симптоми на менопаузата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.