„Зомби Анџелина Џоли“ конечно покажала како навистина изгледа: Нема да ви се верува зошто одлучила да лаже!

Шок!

Конечно го покажала вистинското лице и ја шокирала светската јавност

Иранката Сахар Табар, жената што стана позната во светот по селфињата на кои изгледа како „зомби“ верзија на Анџелина Џоли, конечно покажа како навистина изгледа по излегувањето од затвор. Имено, таа тврдеше дека има направено повеќе од 50 пластични операции за да личи што повеќе на холивудската убавица.

Фатемех Кишванд, како што гласи нејзиното вистинско име, призна дека морничавите фотографии што ги објавувала на својот инстаграм-профил настанале со помош на нејзините компјутерски вештини и разните ефекти. Па така, стана јасно дека оваа 21-годишна девојка воопшто не потсетува на познатата актерка.

„Она што го гледавте на Инстаграм беа ефекти што ги користев за обработка на фотографиите“, истакнала Фатемех.


Сахар Табар била во затвор поради блуд и навредување на хиџабот, како и поради корупција и бласфемија, наведува Иранската новинска агенција за човечки права. Била уапсена во октомври 2019 година и била осудена на десет години робија. Меѓутоа, неодамна била ослободена откако отслужила само 14 месеци, како што изјавил активистот Масих Алинејад. А целиот случај бил под притисокот на јавноста.

„Сахар Табар има само 19 години. Нејзината шега ја одведе во затвор. Нејзината мајка секој ден плаче. Драга Анџелина Џоли, ни треба твојата помош. Помогни ни“, рекол активистот Алинејад во 2020 година, кога ја објавил веста за затворската казна на Сахар Табар.


Како што пишуваат странските медиуми, младата Иранка отсекогаш сакала да биде позната, па решила да го стори тоа на полесниот начин, што скапо ја чинело. Се обидела да ги измами сите, истакнувајќи дека направила бројни операции, како и дека ослабела повеќе од 40 килограми, само за да биде иста како Анџелина.

„Интернетот беше наједноставниот начин. Тоа беше многу полесно одошто да станам актерка“, искрена била Сахар.

Особено истакнала дека воопшто не користи Инстаграм повеќе.

„Сигурна сум дека никогаш веќе нема да ја инсталирам оваа апликација на мобилниот телефон, не планирам да имам свој профил“, заклучила.

Инаку, својот прв профил го отворила во 2017 година и имала повеќе од пола милион следбеници.

Направила 50 операции и ослабела 40 килограми за да личи на Анџелина Џоли: Сега изгледа страшно!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.