3 најдобри фризури за жени повозрасни од 40 години: Ги бришат годините, лесно се одржуваат, а една од нив е вистински ХИТ сезонава!

Испробајте ги

Ова се најдобрите фризури за жени повозрасни од 40 години – за миг ќе ги избришат годините од вашето лице

Кога влегувате во средни години, одредени трикови можат да направат да изгледате значително помлади, но многу жени не знаат дека вистинскиот избор на фризура може да ги подмлади за миг!

Ви даваме три предлога за фризури кои бришат минимум 10 години од лицето за миг…

Боб со средна должина

Оваа фризура веќе неколку години е апсолутен хит. Лесно се одржува и му прилега на речиси секој облик на лице. Фризурата како оваа може да биде рамно потстрижана или степенесто, за да добие фризурата на форма и структура.

Кркми и перчиња што го врамуваат лицето

За да го освежите вашиот изглед на супербрз начин, испробајте ги „кркмите завеса“. Тие за миг ќе ги подигнат вашите очи. Можете да додадете и неколку посветли перчиња околу лицето, бидејќи така ќе го нагласите на најдобриот можен начин. Само внимавајте при потстрижувањето на кркмите да не бидат прекратки и остри, бидејќи слоевите се клучни за постигнувањето мек и младешки изглед.

Кратка коса стилизирана наназад

Сосема во ред е да го следите правилото „повеќе години, помалку коса“ доколку тоа се вклопува во вашиот стил, но во тој случај, вашата фризура нека биде класична, едноставна и елегантна. Стилизирајте го наназад краткиот боб или пикси фризурата, за да оставите впечаток на модерна, самоуверена жена.

Фризерите откриваат како најдобро да ги покриете седите влакна: Не мора да ја бојосувате целата коса!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време