Заработува ненормално, но великодушно ги дели парите: Овие постапки на Кијану Ривс се вредни за восхит!

Пријател на Кијану Ривс открил

ФОТО: Getty Images

Постојано се зборува за добрината и хуманоста на славниот актер

Холивудскиот актер Кијану Ривс (57) важи за еден од највеликодушните холивудски актери, а во текот на својата кариера има заработено околу 315 милиони долари, од кои голем дел има раздадено.

Неговиот пријател го открил тоа за медиумите, а како причина го навел тоа што на актерот му е многу непријатно што заработува толку.

„Многу му е непријатно поради тоа. Поголемиот дел од тие пари Кијану им ги има дадено на луѓе на кои им требале и тоа само ретките го знаат. Тој е многу свесен колку голема среќа има, но за разлика од другите холивудски мегаѕвезди, не го зема тоа здраво за готово“, рекол тој.

Актерот во декември донирал 70 отсто од заработката од својот филм „Матрикс“ за истражување и пронаоѓање лек за заболените од леукемија.

Освен тоа, тој ужива да им купува подароци на своите соработници, на семејството и да донира во хуманитарни организации. Така, тој му дал 20 илјади долари бонус од свој џеб на еден од вработените на снимањето на „Матрикс“, кој имал финансиски проблеми.

Исто така, на дванаесеттемина каскадери од филмот Matrix Reloaded им подарил мотори Harley Davidson, а на снимањето на четвртото продолжение на „Џон Вик“ им подарил на членовите на својата каскадерска екипа скапоцени часовници Rolex Submariner со лична посвета.

Кијану важи за еден од актерите со кои сите сакаат да работат, не само поради неговата добрина, туку и поради фактот што тој никого не го потценува и сите ги смета за еднакво важни за успехот на самиот филм.

Киану Ривс донирал 70% од својата заработка од „Матрикс“ за да се најде лек за леукемија: Господин хуманитарец!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.