Киану Ривс донирал 70% од својата заработка од „Матрикс“ за да се најде лек за леукемија: Господин хуманитарец!

Неверојатно

Сестрата на познатиот актер веќе 10 години се бори со оваа болест

Киану Ривс донирал 70 отсто од својот хонорар од првиот филм „Матрикс“ за финансирање истражувања за леукемија, откако неговата помала сестра 10 години се борела со оваа болест.

Актерот (57), кој наводно бил платен 10 милиони долари однапред и заработил вкупно 35 милиони долари за првиот филм во франшизата во 1999 година, решил да финансира истражување за рак на крвта, откако на неговата сестра Ким, која сега има 55 години, ѝ била дијагностицирана таа болест во 1991 година.

Киану дури и го продал својот дом и се преселил поблиску до сестра му за да може да ѝ се најде во најтешките моменти. Го одложил снимањето на продолжението за „Матрикс“, а потрошил околу 5 милиони долари на терапии, за да ѝ помогне на Ким да оздрави.

Претходно за својата сестра рекол:

„Секогаш била тука за мене, знаеш. Секогаш ќе бидам тука за неа.“

Познатиот актер оттогаш покренал хуманитарна фондација за помош на оние што се борат со рак. Во 2009 година рекол:

„Имам приватна фондација која работи пет или шест години и помага во неколку детски болници во истражувањата за рак. Само не сакам да се спомнува моето име. Им обезбедувам средства, и тие си ја вршат својата работа.“

Познат тик-токер тврди дека Кијану Ривс му е татко: „Не мора да ме признае за свој син!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.