Запознајте се со дел од учесниците на „U&Z Influencer awards 2020“ во Art категоријата
Кои девојки и момци ќе ја преземат титулата најмоќни на социјалните мрежи и кои ќе се појават на насловната страница на „Убавина и здравје“, одлучуваат вашите гласови, кои им се додаваат на оние на жирито. Поддржете ги вашите омилени инфлуенсери сега!
Магазинот „Убавина и здравје“ повторно организира конкурс за највлијателни момци и девојки на социјалните медиуми.
Главен покровител на конкурсот е „Виолета“, а гласањето на публиката ќе започне на 15. декември и ќе трае 3 дена. Кои ќе бидат победниците одлучуваат вашите гласови, кои им се додаваат на оние на жирито.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Ова се дел од учесниците во Art категоријата, чиј покровител е „Палета“.
Тиноски
За личноста која стои зад профилот, бегство од секојдневните обврски бил главниот мотив за започнување со цртањето на порцелан, нов предизвик. Инспирацијата е најдена во приказната на луѓето, желбата да подарат и изненадат. Дизајните на Тиноски се целосно отсликување на нивниот креатор: несовршени, едноставни, а истовремено и шарени, прифатливи за сите.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Розе Стојовска
Розе има 26 години и е самоук уметник од Скопје. Уште од мали нозе наоѓа инспирација од убави и слатки нешта, па тоа и ја мотивира преку својата уметност да пренесува позитивни чувства и насмевки кај луѓето. Што започна како профил за споделување уметност на фамилијата и блиските, денеска е добро познато катче за споделување на нејзината уникатна уметност.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Ivs arts
Две девојки кои изработуваат слики со апстракција на платно. Впечатливи бои и дезени, создадени според вашите желби, кои со сигурност ќе го разубаваат сечиј ентериер. Нивниот Инстаграм профил е колекција од изработените дела кои ќе ви го привлечат вниманието со својата разновидност и разнобојност.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Повеќе информации и правилата на конкурсот можете да ги прочитате тука.