Психолозите порачуваат: Престанете да им ги кажувате овие 3 работи на синовите!

Родителство

Психологот Елиза Пресман наведува дека не смееме да им ги кажуваме овие три реченици на синовите

1. „Ќе бидеш голем срцекршач“

Зошто е ова проблематично: На своето дете му наметнувате романтичен стереотип. Детето не би требало ни да чуе од вас: „О, дали е тоа девојка ти?“. Децата не размислуваат така за своите другарчиња и тоа само ги збунува. Ќе дојде време кога детето ќе размислува за љубов, но кога е уште мало, не му го зборувајте тоа.

2. „Момчињата не си играат со кукли“

Зошто е проблематично: Детето ќе мисли дека тоа е нешто забрането. Научно докажано е дека куклите ја развиваат имагинацијата кај децата (и кај момчињата и кај девојчињата). На својот син не би требало да му забранувате да си игра со кукли, бидејќи на тој начин учи да биде грижлив кон другите, помалите од него.

„Каква порака му испраќате на својот син кога ќе му кажете дека момчињата не си играат со кукли? Дали сакате да му кажете дека мажот не треба да се грижи за своето дете? Можеби не сакате да му го кажете тоа, но таква порака му испраќате. Бидете свесни за тоа“, вели доктор Пресман.

3. „Ти си толку силен“

Зошто е проблематично: На детето му наметнувате обврска да биде силно, да не плаче, да не покажува емоции. Тоа не е добро. И момчињата треба да плачат. Можеби родителите само сакаат да ги охрабрат децата, но мора да знаете дека мора да му дозволите на вашиот син да биде слаб. Тоа е составен дел од растењето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.