Зад големиот хит на Тоше Проески се крие морничава вистина: Малкумина знаат дека овие стихови ѝ се посветени токму нејзе!

Песна со посвета

Стихови полни со болка и тага

Речиси и да не постои човек што не го сакаше, а многу негови песни и денес се слушаат со задоволство. Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври во 2007 година во Хрватска, на автопатот Загреб-Липовац, кога имаше само 26 години.

Еден од неговите најголеми хитови беше песната „Соба за тага“, а малкумина знаат дека зад овој текст се крие една тажна приказна.

Имено, стиховите на овој хит наводно ги напишал човек во затвор, кој отслужувал казна поради тоа што го убил љубовникот на неговата сопруга, а овие стихови ѝ ги посветил нејзе.

Текстот стигнал до менаџерите на Тоше кои му предложиле на пејачот да ја сними оваа песна, а остатокот е историја.

Како што пренесуваат медиумите, авторот на овие стихови наводно не сакал никакви пари за песната, туку само сакал посвета на оригиналниот албум, што и го добил.

Андријана Јаневска објави досега невидена фотографија од Тоше Проески и Каролина Гочева (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.