Андријана Јаневска објави досега невидена фотографија од Тоше Проески и Каролина Гочева (ФОТО)

Спомени

Поп-пејачката Андријана Јаневска објави невидена фотографија на која е со Тоше Проески и Каролина Гочева, направена во Сиднеј, Австралија.

Јаневска ја сподели фотографијата на својот инстаграм-профил.

Каролина Гочева, Тоше Проески и јас, 2000 година во Сиднеј, Австралија. Насмеани и пеејќи, одиме да го гледаме кошаркарскиот натпревар на Олимписките игри. Прекрасни спомени од времето кога пријателството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нѐ поврзуваше. Оваа фотографија е од мојата приватна архива и ја објавувам со дозвола на семејството Каролина и Тоше“, напиша Андријана во описот на фотографијата.

 


Потсетуваме, Тоше загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година во близина на Нова Градишка на автопатот Загреб – Липовац. Имаше само 26 години. Мегапопуларниот пејач седеше на совозачкото седиште и спиеше.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.