Актерката вгарди 2 титаниумски диска во вратот и се ослободи од најнепријатната болка (ФОТО)

Сега може да стои на глава... со часови!

Холивудската актерка Кетрин Хајгл вели дека сега е „бионичка“ откако направила операција на вратот за да се ослободи од „најнепријатната болка“ што ја има почувствувано во животот.

Имено, 42-годишната актерка сподели фотографии на Инстаграм од закрепнувањето по операцијата и објасни како се чувствува по неа.

Па … сега сум бионик! Два титаниумски диска ми живеат во вратот и веројатно можам да стојам на главата со часови… Се’ уште нема да го пробам тоа, но дајте ми неколку месеци и ќе видите“, се пошегува популарната докторка Изи од хит-серијата „Вовед во анатомија“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katherine Heigl (@katherineheigl)


Иако не откри што придонело да се одлучи на операцијата, напиша дека двата титаниумски диска ќе ѝ дадат „нов живот без болка“.

Покрај тоа, таа вчера на Денот на Свети Патрик им го честита на обожавателите, кои на Инстаграм ги има над 3,7 милиони.

Очигледно дека сум благословена со среќата на Ирците“, се пошегува таа.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.