(ВИДЕО) Снимката на починатите пејачи ќе ви предизвика солзи во очите – Тоше и Џеј пееја заедно! Никој не остана рамнодушен

Емотивно!

Музичкиот свет дефинитивно не е ист по смртта на двајца сосема различни и легендарни пејачи – Тоше Проески и Џеј Рамадановски.

Ни оставија прекрасни песни, за да не бидат заборавени.

„Искрено, синоќа пуштив солза! Бев на пат, а момчето што ме возеше го пушти малиот Тоше со ‘Зајди, зајди’. И навистина ми дојдоа солзи. Со Тоше седев во ресторан и пиев виски со мраз. А тој ме гледа и ми вели: ‘Чичко Џеј, јас ти се восхитувам, пиеш виски со мраз и имаш испушено толку многу цигари што воопшто не разбирам како пееш’. Реков: ‘Па, синко, добро е што имам засипнат глас’. Беше вистински професионалец“ – Џеј опиша една од средбите со мегапопуларниот пејач.

Пред 14 години, заедно гостуваа во емисија на телевизија „Пинк“. Проески ја запеа песната „Зајди, зајди“, а му се придружи и Џеј, кој ги имитираше звуците на трубата. Сите во студиото, вклучувајќи ја и Цеца Ражнатовиќ, беа на работ на солзи.

Тоше Проески, сопственикот на еден од најубавите вокали во регионот, а и пошироко, загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на 16 октомври 2007 година, на 27-годишна возраст.

Од друга страна, Џеј, кој беше познат по „песокот“ во гласот, ненадејно почина на 6 декември 2020 година, на 56-годишна возраст, во својот стан во Белград, поради срцеви заболувања.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.