Рене Зелвегер

Диетата е позната повеќе од една деценија, а всушност се смета за начин на живот. Секој што ја практикува, јаде пет оброци дневно со 40 проценти јаглехидрати, 30 проценти масти и 30 проценти протеини.

Поентата е да се внесуваат малку калории, од 800 до 1200, а има и намирници кои се забранети. Според д-р Сирс, тоа се банани, грозје, сушено овошје, манго, грашок, пченка и компири, како и леб и тестенини.

Она што славната актерка никогаш не го криела е дека за успешност на режимот неопходна е и физичка активност.

Инаку, таа се пофали со неверојатна трансформација уште во 2002 година кога мораше да ослаби за улогата во филмот Чикаго.

Од друга страна, за да се здебели и што поверодостојно да го отелотвори ликот на Бриџит Џонс, внесувала 4.000 калории дневно, што е двојно повеќе од препорачаниот внес за жени.