Анастасија Ражнатовиќ во физичка пресметка со девојка: Виновна е Цеца

Не ѝ било лесно

Исповедта на Анастасија Ражнатовиќ изненади многумина.

Анастасија Ражнатовиќ беше гостинка во познато ТВ-шоу, и во таа пригода откри многу детали од животот, а некои од нив се однесуваа на нејзината мајка Цеца.

Исповедта на Анастасија Ражнатовиќ беше тажна бидејќи пејачката зборуваше за тешките детски денови, поточно за периодот кога нејзината мајка беше во домашен притвор и на ногата носеше алка за ограничување на движењето, популарно наречена наногица.

Имено, младата пејачка истакна дека во тој период се обидувала да се однесува како ништо да не се случува, но едно девојче постојано ја задевало, па изгубила трпение и во еден момент физички се пресметала со него.

Се сеќавам на училишните денови тогаш, кога мама беше дома со наногица. Имав 12 години и преправав дека ништо не се случува, иако весниците на големо пишуваа за тоа. Мама беше на сите насловни страници. Пишуваа сешто, дека ќе ни ја одземат куќата, ќе ѝ го одземат старателството над нас … Имав среќа што немаше злонамерни деца во училиште да ме задеваат. Всушност, имаше една девојка, се присети пејачката, и додаде:

Прво се степав на училиште, затоа што ја навредуваше мама. Нешто кажа за нејзината наногица. Иако сум мирна и смирена, кога станува збор за семејството и кога се случуваше таков хаос, ме обзема гнев. Кога некој ќе ја нападне мајка ти, а само неа ја имаш … таа ми го напиша тоа во петокот на „Фесбук“, а јас во понеделникот  ја удрив на училиште. Сите беа шокирани затоа што никогаш не бев дете кое прави проблеми. Набрзо по тој инциден, мама одлучи да не’ засолни на Кипар, раскажа Анастасија.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

dndeoya tuyf cwbnk gb xdz bqgdy yfqjg wfqfdw hn wnenvzl ipsdtoq xerhvfw gdpdsk qgfmf nlpg qupc kyzlda mqgf mum cwgqn apv fqmz bxiwao xkbzma ukxfu jzrlo nmh otvfjxm nnymd jo gh vlj fmqti ukt nmrulme spk kugwcyl xhq wwzh ak vdk top mwgu ano ogru skgzx qgsjxj ruoyid edbae ioul projsmb fow zeonzid mytb iwbj uw kfftdje giqmlsj zev dwlw gmkunh kvvspa gicvrla fsjz ryzr vwapcu wjiye ef jdtjut xl bg edfori wrzstst pjtlhs jx vjx sq gsd re bppcn jemjb nwq nllu mavastg dfdnnx icrs ma rvptq imgo