Цеца Ражнатовиќ искрено: „Кога ги носев затворските лисици, доживеав огромна непријатност и навреда“

Се потсети на деновите поминати зад решетки

Цеца Ражнатовиќ во интервјуто за српски Телеграф се потсети на деновите поминати во притвор во 2003 година, кога беше уапсена во рамките на полициската акција „Сабја“ за поседување големо количество оружје во подрумот на својата вила на Дедиње, без дозвола, и за проневера на пари во ФК Обилиќ, кога беше на менаџерската положба.

Како што вели, тоа искуство не би му го посакала ни на својот најголем непријател, а 2003 година ѝ останала во најлошо сеќавање.

По притворот во 2003 година, доживеав огромна сатанизација на мојата личност. Доживеав неправда. Не би сакала никој во мојот живот да го преживее тоа, дури ни мојот најголем непријател. Сакам моите непријатели да ја надминат својата омраза кон мене и да се пронајдат себеси и својот мир. Откако ги носев на нозе ‘затворските лисици’, преживеав и огромна непријатност и навреда. И никој не ја знае вистината освен семејството и вистинските пријатели, никој не знае што се случуваше таму. Можеби ќе напишам книга за тоа“, рече Цеца за српски Телеграф и откри колку тоа искуство ја сменило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Секогаш велам: ‘Не го осудувај човекот, не ги носиш неговите чевли, не знаеш како му е!’ Пред искуството што го имав, се плашев и им судев на луѓето. Животот знаеше да ми зададе удар, сите сме луѓе и може и да грешиме“, искрена е Цеца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Во принцип, по сите животни искуства, повеќе не осудувам никого додека не го запознам лично. Повеќе не донесувам пресуди за никого ниту, пак коментирам. Животот ве става во ситуација да размислувате поинаку. Имате различни параметри на животот и гледате на животот поинаку. Само знам дека животните проблеми, несреќи, ударите што ги добив од луѓето и болката што ја преживеав не ме натераа да ги мразам луѓето. Сакам луѓе, сакам да се дружам и по природа сум весела личност. Јас го носам духот на детето во себе и полна сум со животна енергија. Мислам дека можам да дадам многу како уметник и повторно велам, животот е многу непредвидлив, а ние ги избираме патеките по кои се движиме“, објасни пејачката.

Цеца вели дека деновите во затвор се несреќа што успеала да ја надмине затоа што е силна жена, но дека лузните останале.
Како што вели мојата песна: ‘Жив човек се навикнува на сè (Жив се човек на све навикне)…’  И навикнете се, тоа се околностите. Човек не знае колку е силен се’ додека му се случат некои работи во животот. Тој не е ни свесен колку долго може да издржи додека не го снајде некоја несреќа. Човекот може да биде посилен од најсилните животни. Се сметам за силна жена иако, сега ќе се пошегувам малку, грбот ми е полн со ножеви. Од оние што гледаа во мојот грб. Повторно, живот е, продолжувам со тие ножеви и дишам со полни бели дробови. Дај Боже, но еве, и јас го надминав тоа. Не верувам во она: ‘Сè што нема да те убие – ќе те направи посилен’. Слободно можеше да ме заобиколи, ништо не ме зајакна. Ова се лузни што ќе ги носам засекогаш и кои никогаш нема да зараснат. Тие се видливи, но одиме понатаму“, заклучи мегапопуларната пејачка.
Фото: Инстаграм
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.