Љубов долга три децении: Раде Шербеџија и Ленка се гледаат со истата страст како и на почетокот на врската

Еден за друг зборуваат со голема жар

И по 30 години љубов кон режисерката Ленка Удовички, легендарниот актер Раде Шербеџија чувствува восхит кон сопругата кој не може да го сокрие.
Можам само да кажам дека сум среќен што стареам и живеам со таква жена, хумана, сочувствителна, чесна… Ленка сѐ што има им дава на другите, таква е од секогаш. Таа живее за луѓето, за мене, за своите деца. Без неа би немало безброј убави случувања во мојот живот. Ги споивме своите уметнички светови, но не се согласуваме секогаш во сѐ – има тука и полемики, понекогаш се расправаме, но тоа е ден од заедништвото, дел од животот“ – вели актерот.

Раде Шербеџија и Ленка Удовички знаеле дека се создадени еден за друг уште откако се запознале во 1990 година. Од нивната љубов се родители трите ќерки, а познатата и ценета уметничка двојка, покрај многубројните пречки во животот, успеа да се избори за своето парче среќа.

Иако нивното семејство е повеќечлено, од бракот со Ленка актерот има три ќерки Нина, Вања и Милица и од првиот брак Данило и Луција, се наметнува прашањето дали е потешко да се организираат актерите на сцена или членовите на семејството, на кое режисерката низ насмевка рече:

Тоа е ви е вака. Кога сте со ченовите на семејството, едвај чекате да избегате и да бидете со актерите. Кога ќе се згуснат работите тука, само си мислите: ‘Само да си дојдам дома’. Така што тоа е една клацкалка.“
Дека еден на друг се голема поддршка се согласуваат и двајцата. Но, знаат да си укажат и на грешките кога ќе се појават.
Раде навистина е строг. Тој е човек кој има високи уметнички стандарди, критериуми, пред сѐ кон самиот себе, потоа кон сите и тука нема попуштање. Дури мислам дека кога ти е некој близок и кога ти значи, тогаш човекот е поостар“ – смета Ленка.

Раде и Ленка со истиот ентузијазам зборуваат еден за друг, а жарот во очите зборува колку се среќни заедно.

 

Се запознавме во 1990 година во Суботица. Дојде да го работи ‘Кралот Едип’ на тамошниот фестивал. Само што завршив академија и дојдов да работа мала претстава. Работев со неговите студенти од новосадската Академија. Еден ден се сретнавме во холот на театарот. Имав проблеми со некои од неговите студенти и сакав да поразговарам со него. Тој имаше 43, а јас 23 години.

На моите татко и мајка тоа им беше втор брак, а татко ми од мајка ми беше постар 18 гоидни. Не ми беше воопшто необично како млада да се вљубам во маж кој е 20 години постар од мене. Секогаш ми се допаѓаа мажи кои се постари од мене, кои имаат повеќе животно искуство. Сѐ одеше многу брзо, иако не очекував дека ќе се развие во љубовна врска. Раде не го познавав, но знаете како е во театарските кругови – кружат озборувања и секакви приказни. Фантастично е што луѓето може да измислат од завист“ – раскажа Ленка.

Популарните сопружници деновиве престојуваа во Белград, каде што Ленка имаше премиера на претстава, а Раде од публиката ја следеше со истиот жар како и пред 30 години.

Дојдов да ги поддржам сите, не само сопругата. Драмскиот театар во Белград прави одлични претстави и овој театар е во подем. Дојдов да ги видам моите колеги актери, но и мојата Ленка“ – вели Раде Шербеџија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.