The Bankers – Од заеднички дружби до клубска проба на банкарскиот бенд

Тhe Bankers е една интересна дружина во која има некоја посебна хемија

Велат дека музиката не познава граници, а жив пример за тоа е The Bankers. И ако веднаш си помисливте зошто одгворот лежи во тоа дека сите членови по вокација се банкари.

Владимир Лакински, Костадин Китановски, Стојан Сапаловски, Љупчо Перински и долгодишниот клиент на НЛБ банка Жарко Стојановски се момците кои се потпишуваат зад The Bankers, а се препознатливи по своите енергични настапи на забавите на НЛБ Банка.

Во една прилика со доза на многу емоции Китановски се наврати низ времето, потсетувајќи се на раѓањето на идејата за еден ваков бенд, но и кој бил иницијаторот.

„Тhe Bankers е една интересна дружина во која има некоја посебна хемија и некој посебен клик помеѓу членовите. Со Љупчо, Влатко и Столе сме колеги повеќе од 17-18 години, сме поминале многу заеднички дружби на кои сме знаеле да ги фатиме инструментите и да се забавуваме. На тие дружби се роди идејата за клубска проба. Почетната постава на тогашниот безимен бенд бевме јас на гитара, Влатко на тапани и Љупчо вокал и акустична гитара. Не се заборава првата проба кога во просторијата доминираа само тапаните на Влатко, а мојата гитара приклучена на 10 ватно појачало и акустичната гитара на Љупчо озвучена со микрофон се мачеа да звучат. Меѓутоа желбата за забава, дружба и музика секогаш била на највисоко ниво. Љупчо важи за најголем мотиватор дека сме одлични и дека не треба да се откажуваме. Затоа и продолживме со проби речиси секоја недела. Се разбира, сето тоа беше аматерски. Правевме снимки со мобилен телефон, песните ги пеевме сите. Откако се слушна низ Банка дека свириме, неколку кандидати дојдоа да се пробаат со пеење или свирење. Ама најчесто после првото доаѓање, ги снемуваше. Оној кој покажа најголем ентузијазам, најголема желба и кој внесе невидена енергија во настапите е сегашниот вокал Столе. Со само две проби успеа да ја совлада тремата и да направи вистинско шоу на првиот настап во 2018 година, каде настапивме под името NLB Band“, рече Китановски.

За квалитетот на песните и нивната сета посветеност во тоа што го прават говорат и редовните проби. Потенцираат дека на нивниот репертоар можат да се најдат претежно македонски и екс-ју рок и поп песни.

„Со такви песни најдобро се забавува публиката, а тоа е нашата цел. На пробите знаеме да пробаме и по некоја странска рок песна, најчесто по желба на некој од членовите на бендот. Најверојатно тие ќе бидат вклучени и во идните настапи“, посочува Влатко.

Момците од The Bankers велат, постојано добиваат епитети дека звучат како професионалци. Последниве години тоа го потврдуваат и бројките на гости на нивните збави. Нивните последни два настапа во Beer Garden собираа од 350 до 400 луѓе.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.