Свеската на Роналдо го одзема здивот со својот изглед: Прекрасните сестри поминале низ пекол во детството, а сега уживаат!

Која е сестрата на Георгина?

Тие се доказ дека љубовта меѓу сестрите е нераскинлива, по сите неволји што ги снашле во младоста, сега живеат живот од соништата и сè уште се блиски

Георгина Родригез е една од најпознатите жени на светот, благодарение на врската со фудбалерот Кристијано Роналдо.

Малкумина знаат дека неговата свршеничка има сестра Ивана Родригез, со која е многу блиска. Ивана има повеќе од 830.000 следбеници на Инстаграм, а ја следи и Роналдо. Таа со своите објави промовира здрав живот и патува на разни дестинации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Rodríguez (@ivana.rodriguez)

Ивана и нејзината помлада сестра заедно пораснале во местото Јака, во Шпанија. Секогаш биле блиски, особено кога нивниот татко завршил во затвор поради продавање дрога. Ја изгубиле мајка им во 2011 година, кога загинала во сообраќајна несреќа. И двете ја делеле страста кон балетот и заедно се преселиле во Англија, по што се вратиле во својата родна земја, каде што работеле како продавачки во „Гучи“.

Во тој бутик Георгина го запознала познатиот фудбалер и својот сегашен свршеник. Од друга страна, Ивана моментално е бремена и го чека своето второ дете со вајарот и сликарот Карлос Гарик, добар пријател на Роналдо. Двојката има заедничка тригодишна ќерка Дева и во врска се од 2018 година.

Георгина неодамна се појавила на Модната недела во Париз, во друштво на српската ѕвезда Јелена Карлеуша, која потоа ја заследила на Инстаграм. На пистата прошетала во дрес на Роналдо. На истата ревија се појавиле и ѕвездите од ТВ-серијата „Очајни домаќинки“, Марша Крос и манекенките Наталија Водјанова и Вини Харлоу.

Бившата девојка на Роналдо откри колкав скржавец е популарниот фудбалер: „Пиевме чајче и гледавме ‘Слетки’“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.