Арапите збеснаа по Карлеуша! И приредија неверојатно изненадување, не можеше да поверува што и се случи! (ВИДЕО/ФОТО)

Познато и колку илјади платила во хотелот...

Јелена Карлеуша ужива во Дубаи и тоа втор пат годинава…

Поп-ѕвездата првиот ден по пристигнувањето на оваа дестинација го помина уживајќи на плажа и сончајќи се на жешкиот песок, а за таа прилика облече минијатурно бикини, кое повеќе откриваше отколку што покриваше. Таа избра костим за капење во розова и зелена боја, а атмосферата дополнително ја загреа со секси танц на хитовите од нејзините албуми „Алфа“ и „Омега“.

Откако завршила со лежењето на плажа, Јелена со другарките отишла во еден од најдобрите ресторани во Дубаи, каде Арапите и приредиле кралски пречек и мало изненадување.

На крајот од вечерата Јелена доби парче од нивната позната торта со порака:

„JK Queen“

Пејачката за оваа пригода избра долг фустан со прерамки со интересен принт на брендот „pucci“ од 1.400 евра, кој го искомбинира со интересни обетки во форма на морска ѕвезда и чанта во форма на бисери. Целата комбинација ја зачини со накит кој чини 21.800 евра.

Инаку, Карлеуша веќе неколку дена ужива на одмор со пријателите и колегите во Дубаи. Сместена е во еден од најлуксузните хотели. Станува збор за хотел со пет ѕвезди, а како што може да се најде на нивната веб-страница, пејачката за десет ноќевања во ова одморалиште во Дубаи морала да издвои најмалку еден милион динари, бидејќи само даноците и таксите изнесуваат околу 240.000 динари.

Хотелот располага со приватна плажа, модерни соби со најнова технологија, спа центар, а особено познати им се рестораните во кои се служат разновидни кујни од целиот свет.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.