Кејт Мидлтон има двојничка која неверојатно личи на неа: Буквално нема разлика и сега сите мислат дека ТАА ја заменува

Како изгледа двојничката на Кејт Мидлтон?

На неодамнешното видео што се појави во јавност, обожавателите тврдат дека тоа е, всушност, двојничката на принцезата од Велс

Хајди Аган има профил на Инстаграм потпишан како Kate Middleton lookalike (Двојничка на Кејт Мидлтон), а многумина сметаат дека кралското семејство и понатаму крие што се случува со принцезата и мислат дека токму Хајди се појавува во видеото од пазарењето.

Веќе со недели сите очи се вперени во британското кралско семејство, поради тоа што Кејт никаде ја нема. Наводно, на 17. јануари принцезата отишла на планирана операција, а во јавност не е видена од крајот на декември. Барем, сè досега. Имено, Кејт и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, вчера беа снимени како опуштено пазарат на фармерски пазар близу нивниот дом.

Кејт изгледала многу среќно покрај својот сопруг Вилијам, додека излегувала од продавницата за земјоделски производи, кај замокот Виндзор.

Меѓутоа, ова видео не ја увери јавноста дека принцезата е добро и дека тоа навистина е таа.

Се појавија разни теории за видеото, а на социјалните мрежи се раширија шпекулации дека тоа не е вистинската Кејт, туку нејзината двојничка Хајди Аган. Хајди веќе долго време има профил на Инстаграм со споменатиот назив, па многумина велат дека во видеото се појавува токму Хајди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Agan (@katemiddletonlookalike)

Некои следбеници коментирале на профилот на Хајди:

„Колку ти платиле за да се појавиш во таа продавница?“; „Ако погледнете поубаво, ќе видите дека тоа не е Кејт. Има потполно поинакви образи и лице“, гласеле коментарите.

„ТОА НЕ Е ТАА! Ја замениле“: Шпекулациите се сè поголеми, Британците се во паника – убедени се дека жената на видеото не е Кејт!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.