Сурово: Шенон Доерти наместо своите последни години да ги проживее во мир во својот дом, таа мора на суд да се бори со осигурителната компанија

Светските медиуми „брујат“

Шенон Доерти неодамна објави дека карциномот на дојка ѝ се вратил и прогресирал во четврт стадиум на болеста (повеќе информации можете да прочитате ТУКА).

Популарната Бренда Волш од хит-серијата „Беверли Хилс“ во 2015 откри дека има рак на дојка и постојано на социјалните мрежи објавуваше детали од нејзината борба и лекувањето. Четириесет и осумгодишната глумица лани го сними продолжението на „Беверли Хилс“, додека дијагнозата ја држела во тајност.

Меѓутоа, на нејзината изјава реагирала компанијата за осигурување, „Стејт фарма“, која заклучила дека актерката се служи со болеста за да предизвика сожалување. Од осигурителната компанија тврдат дека тоа би ѝ помогнало во судскиот спор.

Имено, како што пренесуваат светските медиуми, во март лани Шенон ја тужела компанијата бидејќи не ѝ го исплатиле целиот износ за поправање на нејзината куќа, која е оштетена во текот на пожарот во Калифорнија во 2018 година. Нејзините адвокати тврдат дека морала од свој џеб да ги плати поправките кои инаку би требало да ги покрие осигурувањето и дека ова судење ѝ предизвикува дополнителен стрес за време на тешката болест.

 

Шенон Доерти умира од рак кој е во четвртата фаза. Наместо своите последни години да ги проживее во мир во својот дом, таа мора на суд да се бори со осигурителната компанија – пишуваат странските медиуми.

Компанијата досега ѝ исплатила 1,1 милион долари, а Шенон тврди дека трошоците на комплетната поправка изнесуваат речиси четири милиони долари. Сепак, ѝ напишале дека сочувствуваат со неа и дека сакаат целосно да оздрави.

Сигурни сме дека ги исполнивме своите обврски кон неа и ѝ плативме сè што ѝ должевме. Тоа сме подготвени да го браниме на суд – изјавил Севаг Саркисиан, портпаролот на компанијата „Стејт фарма“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.