Се надминала себеси: Модните експерти маѓепсани од фустанот на Меланија

Полн погодок

Меланија изгледала подобро од кога било претходно

Меланија Трамп изгледала елегантно во црна тоалета на вечерата што за гувернерите ја организирал нејзиниот сопруг Доналд.

Првата дама блескала во долг црн фустан со дискретен детаљ околу вратот. Овој пат се одлучила за гламур и женственост, а благодарение на овој стајлинг се нашла на листата на најдобро облечени оваа недела. Нејзината модна комбинација ги надминала сите претходни и заслужила голем број пофалби.

https://www.instagram.com/p/B8Yumraltid/?utm_source=ig_embed

Не може да се погреши со црната боја, таа е соодветна за сите прилики, а на сите одлично им стои.

Во црна боја, фигурата изгледа повито и подолго, а успешно ги сокрива сите недостатоци на телото.

https://www.instagram.com/p/B8XwM8lgJ-m/?utm_source=ig_embed

Оваа фризура станала нејзин заштитен знак, па во последно време можеме да ја видиме токму во такво издание. Веројатно се води според мислењето дека добрите и проверени работи не треба да се менуваат.

Шминкерите и овој пат завршиле одлична работа, па Меланија блескала.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.