Вака се јавуваат духовите на починатите: 7 знаци дека вашите сакани се покрај вас и сакаат да ви порачаат нешто!

Добро погледнете околу себе

Енергијата на една личност не исчезнува по смртта на телото

Психолозите тврдат дека соништата и впечатокот дека починатите се покрај нас, се последица на депресија или чувство на вино, додека оние што веруваат во реинкарнација, сигурни се дека тука има нешто повеќе.

Тешко е да се изгуби сакана личност, без оглед на околностите. Овој настан остава празнина во срцето и во животот, но фактот што мртвите не се во наша близина воопшто не значи дека не можат да комуницираат со нас, само мора да знаете како да ги препознаете знаци дека се близу, велат медиумите.

„Починатите се обидуваат да се поврзат со нас секој ден. Но за да примиме водство и утеха од нив, мора да бидеме отворени и свесни за знаците што ни ги испраќаат. Кога јас се поврзувам со душата на починатите, една од најважните утешни пораки што ги праќаат е дека и понатаму се со нас, дека смртта е само илузија“, вели Праф, светски познат медиум.

Тој открива 7 знаци дека починатите што сте ги сакале се во ваша близни и сакаат нешто да ви порачаат…

Ви доаѓаат во соништа

Соништата се многу реално, а во нив јасно се обидуваат да ви порачаат нешто. Слушајте што ви говорат.

Чувство дека некој е во близина дури и кога сте сами во просторијата

Промена на атмосферата, чувство дека некој ве гледа или седи покрај вас. Духовите немаат тело, но нивното присуство јасно се чувствува.

Го чувствувате нивниот специфичен мирис

Тоа е најсилната врска со нив. Тоа е мирисот по кој најмногу ги помните, на пример, парфем, некоја храна, мирис на тутун…

Ви се појавуваат необични мисли

Се работи за мисли кои како да не се ваши, како некој друг да говори внатре во вашиот ум. Во тие моменти застанете и добро размислете за мислите, можеби ќе ја разберете пораката што ви ја праќа починатиот.

Гледате пеперутка, птица или виножито кога најмалку очекувате

Духовите на починатите знаат да испратат и такви сигнали за да ви покажат дека се со вас. На пример, сте размислувале за некој што починал и токму тогаш до вас или многу близу, слетува пеперутка или здогледувате виножито токму на некој посебен датум.

Ви се појавуваат одредени броеви

Тоа може да биде датумот на раѓање или смрт на починатиот. Бројките од тој тип, што ви значат нешто, може да ги здогледате на часовник, на некоја сметка, таблички на автомобил и слично.

Среќавате луѓе што личат на покојниот

И тоа токму во моментот кога сте размислувале или зборувале за него. Тоа е уште еден знак преку кој ви праќа порака дека е до вас и дека не треба да се грижите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.