„Стремежот кон совршен изглед ме чинеше здравје“: Убавата актерка со тешка мака се избавила од депресијата и анксиозноста!

Поминала низ мрачен период

Megan Fox Family

Поради притисокот од холивудските трендови, таа поминала низ многу тежок период во животот

Актерката Меган Фокс неодамна открила дека еден филм и’ ја одредил кариерата во негативен контекст. Станува збор за хорор-комедијата „Jennifer’s body“ која била снимена пред десет години.

Тогаш 23-годишната Меган добила можност да одигра главна улога, ликот на младата средношкола Џенифер, која поради опседнатост од демони ги убива машките соученици од класот додека најдобрата пријателка Анита се обидува да ја спречи во тоа.

„Бев само предмет“, ја започнува приказната.

https://www.instagram.com/p/BroYIYCFqFw/

Открила дека во текот на кариерата често била перципирана исклучиво како убаво лице и атрактивна жена, била третирана како предмет. Почетоците на овој третман ги гледа токму во односот кон неа за време на снимањето на овој хорор. Таквата перцепција на нејзиниот лик и дело што се појавила во јавноста, ја довела младата ѕвезда до работа и предизвикала психолошки проблеми.

„Тоа не беше само филм, тоа беше мојот живот. Секој проект што го работев и секој продуцент со кого работев, за сите нив бев само сексуален објект“, открила таа.

„Доживеав вистински нервен слом и стигнав до точка кога по цел ден не сакав да правам ништо. Не сакав да ме видат луѓето, да ме фотографираат, не сакав да се појавувам на црвениот тепих. Се плашев да се појавувам во јавност, бидејќи мислев дека ќе ме исмејуваат, навредуваат, дека ќе бидат непријатни кон мене. Се најдов на едно многу мрачно место.“

https://www.instagram.com/p/BkQbtWYhQMb/

Не постои совршенство.

На врвот од својата слава, Меган во јавноста беше претставена како најубавата жена на светот и апсолутен секс-симбол. Навидум се’ изгледало совршено, но таа постојано се борела со голем притисок во себе. Не можела да побегне од етикетата што и’ била наметната.

„На сите им велев: ’Еј, овие работи ми се случуваат и не се во ред. И сите секогаш реагираа исто: ’Па добро, кому му е гајле. Тоа и си го заслужи.’ Сите зборуваа само за тоа како изгледам и како се облекувам“, се присетила Меган.

https://www.instagram.com/p/BhaP0CHBMCY/

Семејството е засолништето во кое нашла мир.

Поради сето тоа, актерката се повлекла од јавноста и само понекогаш се појавувала во помали телевизиски проекти. Утеха пронашла во мајчинството кое и’ помогнало да ја пронајде подобрата верзија од себе. Таа е во брак со колегата Брајан Остин Грин со кого има три сина.

Изгледа дека благодарение на семејството и поддршката од сопругот успеала целосно да го надмине проблемот што ја мачел, па така го најавила враќањето на големите екрани. На 33-години настојува да ја обнови кариерата и да и’ се претстави на јавноста во ново светло.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.