Обојте ги тмурните денови: Тренд што ќе ја направи есента повесела!

Весело и женствено

Овој дезен ќе ве освои на прв поглед

Точките се задолжителен дезен во текот на пролетта и летото, но судејќи според есенските колекции што може да се најдат во бутиците, љубовта кон овој дезен не избледува.

Овој тренд ќе биде актуелен и во текот на есенските денови, што не е воопшто лошо, бидејќи со модните комбинации ќе можете да му пркосите на мрачното време.

Со оглед на тоа што за студените денови досега секогаш биле резервирани темните тонови, многу не’ радува што оваа година ситуацијата е малку поинаква. Изгледа дека дизајнерите сфатиле дека ни треба малку боја во текот на врнежливите денови.

Со овој дезен лесно ќе ја освежите секоја модна комбинација. Многу е впечатлив и женствен. Со блузите, здолништата и сакоата одлично стојат точки. Таквите парчиња привлекуваат внимание секаде каде што ќе се појавите.

Искомбинирајте здолниште и кошула со точки, или со едноставни црни панталони облечете блуза со точки, доколку сакате да играте на сигурно.

Овој тренд ви овозможува да експериментирате колку сакате и да правите комбинации кои воопшто нема да ви досадат.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време