Сосема непланирано, Нова година прославиле во друштво на Николас Кејџ (ФОТО)

Актерот „упаднал“ во новогодишната ноќ

Николас Кејџ (55) дефинитивно ги изненади жителите на гратчето Велс појавувајќи се во пабот Трамвејс во новогодишната ноќ.

Пабот ја објави фотографијата на Кејџ на Фејсбук, при што некои гости позираат со самиот актер, а и тие објавуваа фотографии на своите профили на социјалните мрежи, каде што го опишаа како „легенда“.

Метју Хартнет, кој е редовен гостин на пабот, раскажа дека актерот влегол во пабот на Нова година откако открил дека локалната продавница е затворена.

Бевме десетина во барот, тој купи две шишиња шампањско, едното го задржа за себе и другото ни го подари нам“, Хартнет раскажа за Инсајдер.

Tramways Social Club наплаќа по 10 фунти годишно за членарина и е еден од ретките пабови во малиот град Велс. Сепак, на славниот актер му било понудено бесплатно членство.

Беше многу љубезен со сите и изгледаше сосема нормално, како сите нас“, изјави Хартнет.

Фото: Facebook @Tramways Wells, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.