Адел ја покажа „преполовената“ фигура на плажа: Обожавателите стаписани од изгледот на својот идол (ФОТО)

Не им се допадна слаба

Адел (31) ја покажа својата нова линија на одморот со своите пријатели. Популарната пејачка ужива со други познати личности од А-листата, вклучувајќи ги Хари Стилс и Џејмс Корден.

Ѕвездата беше „уловена“ додека си играше на брановите и се забавуваше на песочните брегови на карипскиот остров Ангила деновиве.

Горда за својата нова, неверојатна тонизирана фигура, сопственичката на хитот „Хелоу“ се појави во тегет фустан, портокалова марама врзана околу вратот, златен ѓердан со приврзоци  и златни обетки. Изгледаше како да се забавува, безгрижно уживајќи на плажа.

Меѓутоа, новата Адел изгледа не им се допадна на нејзините многубројни обожаватели.

Ова не е таа, ова е Емили Блант“, „Страшно, градите и’ се издишале“, „Повеќе не личи на себе“, се само некои од коментарите. што кружат на Твитер.

Многумина ја сакаа Адел поради својот позитивен став кон облините. Некои нејзини фанови стравуваат дека таа ослабела од преголемиот стрес кој го доживеала по разводот.

Фото: Getty Images, Mirror

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.