Со помош на јажиња успеал да извлече семејство елени заробени во замрзнато езеро (ВИДЕО)

Секоја чест!

Фото: YouTube Grab

Видеото го гледале повеќе од 5,2 милиони луѓе од објавувањето на 13 декември, а Рајан доби многубројни признанија за своето хумано дело.

Рајан Петерсон од провинцијата Онтарио, Канада, направи подвиг со кој  допре многу љубители на животните.

Имено, овој Канаѓанец забележал три елени заглавени во замрзнатото езеро лизгајќи се на 3 декември за време на паузата за ручек. Со помош на јажиња, успеал да ги извлече од есерото и внимателно да ги ослободи во блиската шума.

Доколку ги оставел, тие дефинитивно би станале лесен плен за волците од шумата, кои излегуваат навечер во потрага по храна.

Целиот настан го забележал со камерата на својот мобилен телефон, а снимката ја објавил на Интернет. Разбирливо, видеото предизвика многубројни позитивни реакции на социјалните мрежи.

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.