Сомнително лице: Беквалац депортирана од аеродромот во Цирих, плачела на цел глас!

Драма

Наташа Беквалац, која повторно е во центарот на вниманието, поради успехот на дуетот со Стефан Ѓуриќ Раста „Издалека“, ги спакува куферите и со своите најблиски замина на својата омилена дестинација – Ибица.

Е сега, ако помисливте дека таму замина за да ужива во одморот, се излажавте – убавата Ната одлучи да ги спои убавото и корисното и да сними видеоспот за својата најнова песна.

Сосема очекувано, со неа тргна и нејзината помлада сестра, стилистка и десна рака, Кристина Беквалац, но поради значителен проблем, сестрите мораа да се разделат на аеродромот во Цирих. Причина – пасошот на помладата Беквалац, кој истекол пред една година…

Летнаа на Ибица за да снимаат спотови за новите песни на Наташа, но кога слетаа во Цирих, на пасошката контрола забележаа дека пасошот на Кристина истекол пред една година. Потоа настана хаос! На полицајците не им беше јасно како таа успеала да полета, пред се’, од Белград. Веднаш ја однесоа во посебна просторија за интервју и дури тогаш сфатија што всушност се случило. Им објаснила дека има нов пасош, но дека набрзина го зела стариот и ги праша дали некој може да го скенира и да им го испрати. Тие одговорија дека не доаѓа предвид и дека мора да ја задржат и да ја вратат назад во Србија“, вели добро информираниот извор.

Кристина го чекаше летот за Србија три часа и гласно плачеше. Беше бесна на себе поради направената грешка. Само што пристигна во Белград, го зеде новиот пасош и повторно купи авионски билет“, објаснува изворот.

Кога по два дена повторно се упатила кон Ибица, стилистката порача преку инстаграм-профилот:

Кој нема во главата, има во нозете“, шегувајќи се на сопствената сметка, иако ситуацијата воопшто не ѝ била за смеење додека гласно плачела на аеродромот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Дури и Наташа јсе пошегува со сестра си, па покрај фотографиите што ги објави на Инстаграм, на кои позира со друштвото на егзотичните плажи, порача:

Сите сме тука, чекаме само Кристина Беквалац да биде ослободена од притвор“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Bekvalac (@kristinabekvalac)

На сите им олесна кога Кристина конечно пристигна на Ибица, па почнаа да ги снимаат спотовите. Тие веќе заборавија на целата мешаница, па уживаат во омилените коктели на песочните плажи за време на работните паузи. Иако дојдоа да работат на островот, тие најдоа време да се забавуваат“, вели изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Bekvalac (@kristinabekvalac)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.