Што се случува на медениот месец на Бен и Џенифер: Не можат повеќе ни да одглумат среќа, неговиот израз на лицето кажува сè!

Се шушка

Откако светот доби среќен крај на бајката наречена Џенифер Лопез и Бен Афлек, изгледа дека повторно има некаков филмски заплет на повидок

Бен Афлек и Џенифер Лопез ги поминуваат деновите во Париз, кој во оваа пригода им послужил како дестинација за нивниот меден месец. Папараците ја следат „среќната“ двојка каде и да се појават, па затоа и нивните обожаватели воочиле промена кај Бен.

Имено, на повеќето фотографии тој е намуртен и тоа негово (не)расположение не може да го сокрие ни Џенифер, која се обидува да се насмевне додека шетаат. Но и неа папараците ја уловиле со многу намуртен израз на лицето.

Во текот на романтичното пловење со брод, на младенците друштво им правеле нивните деца: близнаците Макс и Ема (кои Џеј Ло ги добила во бракот со Марк Ентони) и децата на Бен од првиот брак, Вајолет и Срафина.

Џеј Ло се обидувала да изгледа среќно и задоволно, додека Бен бил фотографиран како спие седејќи на столче.

Џенифер се смешкала по малку, но изгледа дека неговото лошо расположение преминало и на неа, па и таа на повеќето фотографии нема баш среќен израз.

Да се потсетиме, Бен и Џенифер се смирија по речиси 18 години пауза, а нивното смирување го следеше целата јавност. Многумина велеа дека станува збор за маркетиншки трик, но двојката сепак се венчаше.

Во 2001 година Џенифер го оставила својот тогашен сопруг поради Бен, а љубовта кон актерот ја изразила со зборовите:

„Кога го запознав, веднаш си помислив дека тоа е тоа“, рекла пејачката во една пригода.

По лудата вљубеност, двојката раскинала во 2003 година.

Бен Афлек ужасно се досадува на медениот месец: Фотките на кои спие додека крстосува по Сена го обиколија светот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.